|
||||
| ДУИ не се Албанците, Албанците се срамат од нив - ДУИ се криминалот и корупцијата кои се поразени |
|
Бујар Османи и ДУИ повторно ги извртуваат тезите. Албанците не биле и не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да се прикажува како единствен претставник на Албанците. Волјата на граѓаните, Македонци, Албанци и сите други – јасно покажа дека криминалната структура на Али, Артан и Бујар припаѓа на буништето на историјата. Зошто да не може аргументирано да се соголува криминалот на ДУИ? Дали тоа е забрането? Значи ли тоа дека за Бујар, Али, Заев, Филипче и другите корумпирани колеги важат други правила – дека ним сè им е дозволено? Тие што така мислеа, денеска се таму каде што им е местото, во опозиција. Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван. Јасно е: криминалот не се исплаќа повеќе! Следува одговорност! Народот избра промени и еднаквост, а не корупција и клиентелизам. ДУИ може да се крие зад етнички знамиња, но од правдата и од народната пресуда нема да се скрие. |
























