|
||||
| Локални избори 2025 |
|
Собранието најдоцна до сабота треба да ги распише локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, со можен втор круг на 2 ноември. Народот има уште една можност да одлучува за иднината на локалната самоуправа во 80 општини и Градот Скопје. Избори каде што ќе се бираат градоначалници и советници, луѓе што ќе управуваат со комунални прашања, локален развој, инфраструктура, детски градинки, култура, спорт и социјални сервиси. Овие избори се надеж дека Македонија ќе застане на патот на национално обединување, преродба и конечно излез од годините на разочарувања. Овие избори се можност за нов почеток, за вистински демократски исчекор. Важно е граѓаните масовно да излезат, да ја искажат својата волја и да дадат поддршка на оние што навистина ќе работат за нив и за Македонија. Ова е часот кога не се гласа само за градоначалници, туку и за достоинството, правото и иднината на секое маало, секоја улица, секое село и град. Да не дозволиме разочарувањето да победи. Да го вратиме гласот на народот како единствена сила што го движи тркалото на промени. Демократијата ќе победи само ако ние ја одбраниме – со глас, со чест и со одговорност. Нашите браќа и сестри надвор од Македонија, ќе можат да гласаат само ако дојдат во Македонија. Увидот во Избирачкиот список започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае 20 дена. Тоа е време кога граѓаните треба да ги проверат своите податоци, да поднесат барања за исправки и да се уверат дека се запишани и имаат можност да гласаат. И сега е можно електронски или преку канцелариите на ДИК да се направи проверка. Напред во уште една нова победа! За иднината на Македонија се работи!
|

























