|
||||
| НА 17 ЈУНИ 2025 г. ВО БИТОЛА СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 35 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ |
|
35 години ВМРО-ДПМНЕ: Чест, Историја, Иднина! На 17 јуни 1990 г., пред точно 35 години, во едно време на историски премрежја и неизвесност, се роди најсилната идеолошка и народна сила во поновата историја на Македонија – ВМРО-ДПМНЕ! Во духот на Внатрешната македонска револуционерна организација, водени од мислата и делото на визионерот Драган Богдановски, група храбри Македонци ја обновија вековната идеја за национална самобитност, за слободна, независна и демократска држава, која ќе му припаѓа на народот, а не на корумпирани политички елити или странски центри на моќ. 35 години подоцна, Македонија повторно се исправи на своите нозе! После години на предавства, распродажби, понижувања и темнина, денес повторно владее надежта! Надеж во народот, Надеж во правдата, Надеж во вистината, Надеж во Македонија! И токму таа надеж ќе биде симболично зацврстена во Битола – градот на конзулите, градот на Илинден, градот на ВМРО! Во Битола, на големото одбележување на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, народот, ветераните, младината и раководството, ќе присуствува и претседателот на партијата и премиер на Р. Македонија – Пр. Д-р. Христијан Мицкоски, симболот на новото македонско будење. Мицкоски не е само лидер. Тој е продолжувач на борбата за достоинствена, независна и стабилна Македонија. Под негово раководство, Македонија влегува во нова ера на развој, без криминал, без корупција, без национално понижување. Денес ВМРО-ДПМНЕ е иднина. ВМРО-ДПМНЕ е борбата на секој чесен Македонец кој сака правда, достоинство и татковина што ќе биде силна, а не сервилна. Во име на сите оние кои ги дадоа своите животи за Македонија, во име на основачите и ветераните, во име на новите генерации што ја продолжуваат оваа света борба, ПРОДОЛЖУВАМЕ И ЌЕ ИСТРАЕМЕ! Од Битола ќе почне новиот завет: Македонија ќе ја градиме, гордо, чесно и со љубов кон сопствениот народ! Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ! Вечна да е Македонија!
|

























