|
||||
| Зошто Европската Унија молчи за Македонците во Бугарија? |
|
Во време кога Европската Унија настојува да се претстави како глобален гарант на човековите права, правдата и вредностите на демократијата, нејзиното молчење за судбината на Македонците во Бугарија е срамно. Бугарија членка на ЕУ веќе децении системски ги негира правата на Македонците кои живеат во пиринска Македонија ги понижува, забранува нивни здруженија и упорно одбива да ги имплементира пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), и наместо да реагира, Брисел гледа на другата страна. Каде е Европа кога се кршат европските вредности? Македонците во Пиринскиот дел не се измислен проблем, Тие се реалност призната од највисоките судски институции на Стразбур. Нивниот јазик, идентитет и културна самобитност се газени од една држава која се декларира како демократска. А што прави Европската Унија? Молчи, не притиска, не поставува услови, не бара правна и морална одговорност. Зошто молчи Брисел? Постојат неколку причини за оваа тивка капитулација пред вистината: -Страв од внатрешна дестабилизација -ЕУ се плаши дека признавање на Македонците во Бугарија ќе предизвика политичка криза во Софија, па одлучува да молчи за да „зачува стабилност“... ЕУ внимателно избегнува да ја налути Софија, дури и кога тоа значи газење на европското право. Наместо принципи, доминира интересот, затоа ЕУ бара Бугарите да се внесат во Уставот на Македонија, но не бара ништо за Македонците во Бугарија, тоа е лицемерие. ЕУ молчи не затоа што нема информации, туку затоа што нема храброст. Но вистината за Македонците нема да ја закопа ниту една дипломатска тишина. Премиерот Христијан Мицкоски, единствениот лидер во поновата историја што го отвори ова прашање со државничка сериозност, порача: „Македонците во Бугарија не се невидливи луѓе. Тие се живи сведоштва на еден народ кој не прифаќа да биде избришан. Бараме еднакви права за Македонците, како што се бараат права за Бугарите во Македонија.“ Ова е став што треба да го следи и Европа. Правото на самоидентификација не може да биде предмет на политички преговори. Тоа е темелна вредност на Европската Унија, или барем така се декларира. Македонија мора да бара, а не да моли, повеќе не е доволно да се чека нечија добра волја. Македонија мора да го актуелизира ова прашање пред Европскиот парламент, да побара резолуција за правата на Македонците во Бугарија, да ги алармира пријателските држави-членки, да постави принцип на реципроцитет, без признавање на Македонци во Бугарија, нема да има ниту промена на Уставот за Бугарите кај нас. Европската Унија мора да одлучи: ќе биде ли простор на право и правда за сите или само за силните и гласните? Ние не молчиме, зашто Македонците каде и да се, се наши браќа, а на браќата не им се врти грб! |
























