|
||||
| Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ Бојан Христовски |
|
Дури ни обвинителството на СЈО не можеше да ја сокрие вистината, сите лаги на СДС и полтроните им се урнаа на глава Дури ни обвинителството и судиите клиентелисти на СДС и ДУИ не можеа да ја сокријат вистината. Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ Бојан Христовски. Тоа смета дека сертификатот за англиски јазик од Бугарија не е фалсификат. Со ова вистината излезе на виделина и сите лаги на СДС паднаа во вода. Вистината излезе на виделина со тоа што е констатирано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска. Дури ни судиите избрани во Зајас и Струмица не можеа да ја сокријат вистината за лагите кои со месеци СДС ги ширеше. СДС со месеци ја манипулираше јавноста и ширеше дезинформации но со денешната одлука на обвинителството сето тоа им се удри од глава. СДС е синоним за манипулации и дезинформации. СДС е фабрика за лажни вести. |
























