|
||||
| ЈАВЕН ПОВИК ДО МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА: ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК! |
|
Почитувани Македонци ширум светот, Пред нас се отвора историска можност – Европскиот парламент е пред усвојување на извештајот за напредокот на Македонија, документ во кој на четири клучни места се признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ова не е обичен извештај. Ова е политичка, правна и дипломатска потврда на нашето постоење како народ. Зошто е ова важно? •Се воспоставува европски штит против негирањата на нашето име, идентитет и јазик. •Се става крај на историскиот ревизионизам и обидите за бришење на македонското од европската мапа. •Се испраќа јасна порака дека македонскиот народ има своја историја, свој глас, свој праведен пат. Време е за национално будење! Ги повикуваме сите наши иселеници, секој Македонец во дијаспората – од Европа, Австралија, Канада до Америја, да станат гласот на вистината и чувари на македонската посебност во светот. Што можете да направите: •Испратете пораки до европратениците во државите каде што живеете – изразете благодарност за признавањето и побарајте нивна поддршка. •Споделувајте информации на социјалните мрежи со хаштагови: #МакедонскиЈазик #MacedonianIdentity #EUforMacedonia •Организирајте или поддржете мирни собири пред институциите на ЕУ во Брисел, Стразбур, Берлин, Виена, Стокхолм и други европски центри. •Вклучете се во иницијативи до европски медиуми, гласот на Македонија мора да се чуе. Ова не е само политичка борба. Ова е национална кауза. Ова е битка за идентитетот, за нашите деца и за иднината на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски повика на заедничко лобирање со цел Европскиот парламент да го усвои извештајот во кој е истакнат „многувековниот македонски идентитет и јазик“. Тој јасно порача дека нема да се повлече, сѐ додека не види Македонец во бугарскиот комитет за малцинства. „Не се согласувам со тоа што тие се во нашата преамбула, а нас не не’ признаваат во нивниот комитет. Додека сум премиер, нема да мрднам ни милиметар додека не го видиме тоа право испочитувано!“ истакна Мицкоски. Од СДСМ, по ден молк, стигна порака дека се надеваат на поддршка од Европските Социјалисти, Оливер Спасовски додаде: „Нашиот јазик и идентитет не се создадени во 1945-та. Тоа се теми за кои треба да бидеме обединети.“ Од Бугарија стигнаа обиди за саботажа – пратеникот Валчев испратил писмо до Роберта Мецола со наводни неправилности во процесот. Но европските институции се повикани да ја почитуваат вистината, не уцените. Повик до сите: Македонија ве повикува! •Бидете дел од генерацијата што не молчи. •Бидете гласот што не се брише. •Одговорете со љубов, храброст и гордост. Македонскиот идентитет не е предмет на трговија – туку светост што не се предава. Со чест, за Македонија! УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ |
























