|
||||
| Македонска Нација упатува молитвена порака до сите Православни Македонци во татковината и дијаспората |
|
Господи Боже наш Со благодарност и љубов Ти се обраќаме: Ти си нашата тврдина, нашата надеж и нашето спасение. Во Тебе најдовме мир, вистина и светлина во темнината, Халелуја, слава Ти на висините!
Кога народот наш минува низ искушенија, Ти не нè остави.
Кога правдата е заборавена, Ти си наш судија.
Кога верата се гасеше, Ти ја разгоруваше повторно во срцата македонски.
Те молиме, Господи, Чувај го нашиот народ, Благослови ја нашата Македонија, И поведи нè по патот на вистината, правдата и мирот.
Нека Халелуја одекнува во секое македонско срце, Од Охрид до Солун, од Битола до Пирин, Од Скопје до дијаспората ширум светот.
Славете Го Господа, Халелуја! Во името на Господ Исус Христос, Амин! Со вера во Бога и љубов кон Македонија.
Во духот на Воскресението Христово, Ви посакуваме благословен Велигден! Нека светлината на овој голем ден ги осветли нашите домови, срца и патот кон заедништво, вера и национална гордост. Да се сетиме на суштината на Велигден победата на доброто над злото, на животот над смртта, на вистината над лагата. Македонскиот народ отсекогаш чекорел со крстот на страдањето и надежта во срцето. Да го чуваме нашиот идентитет, да ја негуваме нашата вера и да ја славиме Македонија како библиска земја, света и вечна. Нека Велигден ни донесе мир, здравје и сила за нови победи! Христос Воскресе! Навистина Воскресе! |
























