|
||||
| ОМД: Благодарност за Вашата Доонација во Поддршка на Кочани |
|
Од името на Управниот одбор на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), изразуваме најдлабока благодарност за Вашата неверојатна дарежливост и сочувство по неодамнешната трагедија во Кочани, Македонија. Ноќта на 16 март 2025 година, разорен пожар ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, одземајќи 62 животи (59 на самото место, а уште 3 подоцна), повредувајќи над 150 лица и потресувајќи ја нашата заедница до нејзините темели. Во таа трагична ноќ, животот го загуби и еден херој возач на брза помош кој направил 11 превози до болниците во Скопје за еден ден, и починал од исцрпеност. Цели семејства се засекогаш променети од оваа катастрофа. Набргу потоа, генералниот секретар и член на Одборот на ОМД од САД, д-р Кристина Бундра, претседателката на ОМД Шведска, Мирјана Наумоска, и директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, отпатуваа во Кочани за да се сретнат со локалните тимови за поддршка и да ги проценат најитните потреби. Нашата прва посета беше насочена кон извонредната граѓанска иницијатива „Поддршка за Кочани“ волонтерска група која создаде онлајн алатка за мапирање и координација на помошта за повредените и семејствата на настраданите, вклучувајќи ги и оние кои живеат надвор од Македонија. Се сретнавме и со директорот на Општата болница во Кочани, кој ги сподели итните медицински потреби на установата. По завршувањето на нашата првична кампања за собирање средства, ОМД ги префрли собраните средства на нашата регистрирана хуманитарна организација во Македонија, која во соработка со „Поддршка за Кочани“ ги дистрибуираше финансиските средства директно до погодените семејства. И покрај бројните предизвици во добивањето на официјални податоци бидејќи Црвениот крст и полицијата не беа во можност да ги споделат банкарските податоци на погодените семејства ОМД неуморно работеше за секое семејство кое доброволно се обрати преку „Поддршка за Кочани“ да ја добие потребната помош. Овие донации се директен одраз на нашата непоколеблива посветеност да им помогнеме на нашите луѓе тогаш кога им е најпотребно. Во целост, 43 семејства кои загубија блиски и доставија информации преку „Поддршка за Кочани“ добија по 745 американски долари (41.550 денари) – во вкупен износ од 32.800 долари (1.786.781 денари). Дополнителни 2.200 долари беа искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за болницата во Кочани. „Поддршка за Кочани“ е онлајн кампања и волонтерска мрежа која ги обединува поединци, организации и правни субјекти што директно придонесуваат за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Преку верификувани информации и координирана поддршка, платформата обезбедува помошта навремено и транспарентно да стигне до оние на кои им е најпотребна. Без разлика дали дониравте, ширевте свесност или стоевте во солидарност со Кочани, Вашето сочувство ја покажува извонредната сила и единство на глобалната македонска заедница. Длабоко сме трогнати од Вашиот одговор и бескрајно благодарни за Вашата доверба. Транспарентноста и одговорноста остануваат во сржта на мисијата на ОМД. Секој дониран долар отиде директно кај погодените, а нашите напори не запираат тука продолжуваме да собираме средства, вклучувајќи и од корпоративни партнери, за да обезбедиме долгорочна поддршка за Кочани и да бидеме подготвени за идни итни ситуации. |
























