|
||||
| Кога милениците стануваат сомнителни |
|
Кога милениците стануваат сомнителни ДУИ бара меѓународна помош за истрагата. СДС бара анкетна комисија. И одеднаш, партиите кои цела деценија владееја и ги контролираа сите институции – од обвинителство до судство – решија дека на „нивните“ веќе не може да им се верува. Зошто? Затоа што веќе не се на власт. Но, да се потсетиме. Кога се случи трагедијата кај Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, што направија? Пуштија „брза“ истрага и префрлија вина на возачот и фирмата. Државата ни кривa ни должна. Никаква меѓународна помош не беше побарана, иако се работеше за тешка трагедија со многу сомнежи за технички прегледи, дозволи, и системски пропусти. Во Тетово, 14 луѓе изгореа живи во модуларната болница. Никој не понесе сериозна политичка или кривична одговорност. Според обвинителството, причината бил продолжен кабел. Кабел?! Во установа изградена од државата, во пандемија, за лекување луѓе? Повторно, ниту меѓународна истрага, ниту анкетна комисија. Напротив, министерот Филипче остана на функција уште долго, а премиерот го бранеше со зборовите: „нема причина за оставка“. Во несреќата со автобусот на Беса Транс, на автопат во Бугарија, загинаа 45 луѓе. Цел автобус изгоре. Откриено беше дека фирмата немала лиценца за меѓународен превоз, а државата тоа не го регистрирала со години. И пак тишина. Без анкетна комисија. Без меѓународна истрага. Сега, кога политичката реалност се смени, одеднаш СДС и ДУИ „открија“ дека институциите се сомнителни. Истите тие институции кои тие ги водеа, градеа и бранеа. Вистината не зависи од тоа кој е на власт. Или веруваш во институциите секогаш или никогаш. Или бараш меѓународна истрага секогаш или си лицемер. СДС и ДУИ немаат право денес да бараат оставки и истраги, кога истите тие со години молчеа за далеку поголеми скандали. Не бараа оставка од Спасовски кога полицијата беше во хаос, кога каблите „беа виновни“ за трагедии, кога се делеа пасоши на мафијаши, и кога улиците ги водеа лица од подземјето. Не побараа одговорност ни од Тасевски, кој пукаше во Собранието – додека десетици други беа осудени за „тероризам“ со над 200 години затвор. СДС треба да се засрами и барем еднаш да се извини за штетата што му ја направи на народот и државата. Ова не е борба за вистина. Ова е евтин политички театар. Народот не го заборава лицемерието. Не може денес да глумат дека се за „транспарентност и правна држава“, ако вчера молчеа за смртта на десетици граѓани под нивно владеење. Време е за промена на системот, ВМРО-ДПМНЕ работи на вистинска правда и правна држава!
|
























