Понеделник, 27 Јануари 2025    PDF Печати Е-пошта
Денес во МНР се одбележаа 80 години од ослободувањето на преживеаните Евреи од Аушвиц

473831794 601289039541161 4399797158408638660 n copy

Македонија денес им оддава почит на милионите луѓе кои ги загубија животите во логорите на смртта. По тој повод денес во Министерство за Надворешни Работи (МНР) се отвори изложба за Аушвитц земена од Меморијалниот Центар Јад Вашем со наслов: Место на земјата, албумот од Аушвитц.

27 јануари е Мегународен ден за секавање на холокаустот кој настан секоја година, освен минатата, Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија помага на Владата на Република Македонија да го организира овој настан согласно преземените обврски во ООН за одбележување на овој ден.

474887776 1666910967513816 4664672134328661955 n

 

На настанот во МНР се обратија:

-Министерот за Надворешни работи Тимчо Муцунски

-Радојка Хелман Потпретседател на Еврејската Заеница во Македонија

-Амбасадорката на САД – Ангела Агелер

goran copy

Горан Садикаријо директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија во своето обраќање нагласи:

„Како што знаеме концентрационите логори биле изградени за истребување на Еврејскиот народ, тоа беше криминалниот план на нацистичка Германија во Втората светска војна затоа денеска го одбележуваме заедно со оние кои не беа убиени за време на Холокаустот. Исто така и повеќе од три милиони Полјаци со еврејска националност се убиени во Втората светска војна, денеска делегации од целиот свет доаѓаат тука да ја одбележат комеморацијата.“

Церемонијата се одржа во голем шатор подигнат над портата во Биркенау, а еден од симболите е вагон на товарен воз кој се користел за транспорт на европските Евреи во логорот. Ниту едно зло не треба да се заборави, Холокаустот не смее никогаш да се повтори порача претседателката Сиљановска Давкова синоќа од Полска. Таа додаде дека македонските Евреи се дел од нашиот идентитет и апелираше да се воспостави традиција на организирани посети на Треблинка.

27 јануари е земен како ден за одбележување, бидејќи на оваа дата пред 80 години, советската армија го ослободила логорот Аушвиц – Биркенау. На овој ден и Македонија се сеќава на 8.000 евреи депортирани од Бугарија во логорите на нацистичка Германија

Почитуван Министер Тимчо Муцунски,

Почитувани претставници на Владата,

Почитуван пратеници,

Почитувани претставници на дипломатскиот кор

Драги пријатели,

Денес, по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот 27 јануари и

80 години по ослободувањето на Аушвиц се сеќаваме и одаваме почит на 6

милиони Евреи и сите други кои беа прогонувани и убиени од страна на

нацистичкиот режим, нивните сојузници и соработници.

Првата претседателка на Фондацијата за сеќавање на Шоа, Мадам Симон

Веј, истакнува дека „Шоа не требаше да остави ниту еден единствен сведок,

ниту да биде дел од историјата. Целта на ‘конечното решение’ формулирано

на   конференцијата   во   Ванзе   беше   да   искорени   цел   народ   од   светската

историја и од меморијата на човештвото. Нацистичката машинерија на

смртта требаше не само да направи Евреите како народ да исчезнат, туку и

да ги избрише доказите дека тие биле убиени.“

 

Живееме во време на динамични политички и економски збиднувања кои ја

детерминираат нашата иднина, а кои пак за жал задираат во нашето минато.

Историскиот   ревизионизам  и   релативизирање   на   настаните   од   минатото,

спонзорирани или поттикнати од државниот апарат се реалност.

Па оттука се поставува прашањето, дали „Никогаш повеќе“ и „Да не се

заборави“ се само празни флоскули или имаат некакво суштесвено значење

во креирање на свет ослободен од секакв вид на дискриминација,

ксенофобија, антисемитизам, шовинизам, и исклученост.

Токму затоа сме денеска тука, да се сеќаваме, да ја одбраниме историската

вистина  и  да  се  спротивставиме   на   обидите   за   бришење   на   доказите   за

холокаустот   на   македонските   Евреи   преку   историски   ревизионизам,

рехабилитација и глорификација на злосторниците. Затоа од тука порачуваме

дека треба да постои свест за негирањето и искривување на холокаустот,

таквите   невистини   треба   да   се   оспорат   и   осудат   на   национално   и

меѓународно рамниште.

 

Компромисот со историската вистина за холокаустот на македонските Евреи

може да го компромитира уникатниот статус на холокаустот како тотално

зло. Не смее да се дозволи таков преседан, бидејќи секој преседан, порано

или подоцна, може да стане правило. Холокаустот на македонските Евреи и

на Евреите од тогашните  окупирани делови на Грција и Србија од бугарска

страна   е   дел   од   светската   историја   на   холокаустот   и   не   смее  да   биде

третиран како  прашање за кое може да се преговара.  Европската Унија не

може да се бори против антисемитизмот доколку дозволи искривувањето на

историската   вистина   на   холокаустот   да   биде   макар   и   најмал   дел   од

предусловите за членство.

 

Едукацијата за холокаустот е основниот столб на Меморијалниот центар, но

во   истовреме   има   цврста   мисија   за   одбрана   на   историската  вистина.   Во

сеќавање на 6 милиони убиени Евреи, во спомен на нашите македонски-

еврејски жртви, комеморираме и не забораваме, опоменуваме и едуцираме.

Ние   новите   генерации   од   еврејската   заедница   го   чуваме   минатото   и   ги

зацврстуваме врските со сите оние кои со нас го чуваат доброто од злото, со

нас   гласно   опоменуваат   и   го   пренесуваат   историскиот   факт   преку

образованието – најзначајниот чувар на минатото и светилник на иднината.

Во таа насока, Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од

Македонија   донесе   одлука   за   бесплатен   влез   на   организирани   групи   од

основните и средните училишта во Меморијалниот центар. 

 

Изложбата  која   ке   имаме   можност  да ја погледнеме Аушвиц – Место на

Земјата – Албумот од Аушвиц креирана од Јад Вашем од Израел, низ сликите

од   албумот   и   сведоштвата   на   преживеаните   ни   остава   аманет   преку

образованието да се бориме со ревизионизмот и заборавот.

 

Ние, децата на  еврејската  заедница, со длабоки корени во  македонската

земја,  имаме обврска  да го одржиме сеќавањето на нашите предци живо,

знајно и запаметено.

 

Ќе завршам  со   цитат   на  Гита Шами Калдерон, еврејка од   Битола   која   го

преживеала Аушвиц, во својата книга Мишлоах Манот која е промовирана

токму во оваа зграда, за сеќавањата од Аушвиц ќе напише:

„За   да   останам   прибрана  си  повторував:  Мораш  да  останеш   жива   за   да

можеш   да   се   одмаздиш.   Да   живеам.  Да  живеам  за  моето   семејство,   да

живеам за да можам да му раскажам на светот„!

СИН МЕМОРИА НО АЈ АВЕНИР – БЕЗ СЕЌАВАЊЕ НЕМА ИДНИНА

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.