Петок, 24 Јануари 2025    PDF Печати Е-пошта
СТОП НА ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН

POster 1

Како единствен ентитет што повеке од една година работи да донесеме слобода за сите жртви на Политичкиот прогон - произлезен од минатите власти во државава, со особен акцент за слобода на т.н. случај со “Браќата од 27.04.“ од причини што е всушност еден од најголемите случаи во ова наше време, ние од Проектот за “Стоп на Политичкиот прогон“ – бевме силно испровоцирани од вчерашната скандалозна изјава на Судијата Илија Трпков и тоа додека читаше Пресуда, заради што е ова и вакво обракање кон јавноста при што сакаме да го истакнеме следново:

1.      Ваков де факто, политички говор вметнат за време на изрекување на Судска Пресуда по сосема друг судски предмет, а обраќајки се кон сите осудени од Случајот од 27-ми Април, само е уште еден доказ за постоењето на Политичкиот Прогон, чии жртви се токму оние кон кои овој судија се обрати !

2.      Од позиција на “не-судечки судија“ Судијата Илија Трпков кој ниту гледал, ниту пак ценел докази во постапката во Случајот со “Браката од 27-ми Април“ односно никаква врска нема со овој случај, си зема за право и очигледно ја смета за недоволна казна што овие луге долги години издржуваат затворски казни, па сега им се обрака дека плус треба и “глава да веднеле“ односно цитирам : “За конкретните настани во Собранието, за кривичните дела кои се случија таму, наведнете ја главата и побарајте прошка од државата, како што обвинетите побараа“ иако сите тие - до еден се чувствуваат веке многукратно и крајно онеправдани - поточно како жртви на Политички Прогон дека се неосновано осудени !

3. Особено во моменти кога со години Правосудството се соочува со катастрофални резултати и ефекти од работењето со 2% доверба, а сегашната Влада вистински фронт отвори за да почнат да се корегираат состојбите, еден ваков испад и тоа за Случај кој важи за еден од неколкуте кои ке го обележат ова наше време, говори само по себе за целосната алиенираност на Судскиот Систем во однос на законите, етиката и третман на народот воопшто од страна на овој систем и го цениме како крајно нечовечно, навредливо, понижувачко и арогантно, од страна на овој судија, особено кога се работи за луге кои според овој Проект за Стоп на Политичкиот прогон, како и според најголемиот дел на Македонската јавност дека – невини лежат 7 години по затворите, бидејки влегоа во Собранието откако незаконски се изгласа нелегитимен Претседател на Собрание, што најмалце ги чини терористи или убијци, ами најголеми патриоти !

4. Исто така јавно сакаме да изразиме сомнеж – дали со една ваква изјава и со обезбедување на една таква општа Амнестија, а кое како солуција се напушти откако го декласиравме и разобличивме уште лани на почетокот на годината, односно негде Март месец, а сега се повторува и јасно е дека се сака да се оствари т.н. “контрола на штетата“ од страна на овој очигледно одметнат Судски Систем, односно со Амнетсијата – ке остане на сила пресудата дека Браката од 27-ми Април се терористи!

Со што очигледно многу замешани одговорни и кои го воделе и воопшто биле каков било дел од овој крајно контроврзен судски предмет и кои всушност според овој наш Проект го спроведуваат најбруталниот Политички прогон кој финишира со едни вакви драконски и антицивилизациски судски пресуди, па дека со една ваква Амнестија мораме да посочиме дека и тие не-луге најкомотно углибени во Првосудниот систем, на некој начин ке си бидат амнестирани, односно сите нивни вакви не-дела ке бидат и ке останат де-јуре  како оправдани и правно издржани!

А токму против сето тоа до детал се бори овој Проект за “Стоп на политичкиот прогон“

POster2

 

Патем ова што предупредувавме дека Амнестијата значи најмалце фер и адекватно решение на Случајот со “Браката од 27-ми Април“, е дел секако и многу други разно-разни ад-хок решенија кои беа понудени заради туги агенди и најмалце во интерес на вистинско и трајно решение на овој Случај...

За истакнување е да потенцираме дека вклучително и Претседателката Слијановска како правен експерт исто така го хармонизира ставот со нас како Проект дека не преку Амнестија ами со Повторување на Судска Постапка и јасни судски пресуди ке се постигне целта, кон што би додале дека уште на сам почеток на Повторувањето на Постапката, за некои 10-тина дена, ке ги извадиме како Проект на слобода сите од Браката од 27-ми Април на слобода, односно од слобода да се бранат и на слобода да останат, потврдено со правосилна судска пресуда...

Со почит,

Тодор Кулаков

Претседател на Проектот за “Стоп на политичкиот прогон“

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.