|
||||
| Компанијата Зегин ги израдува Зубовчани |
|
Компанијата Зегин ги израдува Зубовчани Радоста на Зубовчани немаше крај на големото срце на Благоја, сопственикот на Компанијата Зегин што се сети и на Зубовце и им донираше маици и ваучер. Желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот традиционално ја истакна Компанијата Зегин и на овој Христијански празник со тоа што обезбеди награди на преку 70 општини во земјата меѓу кои и село Зубовце. Зубовце е поделено на десет маала, има 10 крста-десет кумови а десетте Крстови се одврзуваат од страна на свештено лице во црквата „Света Огнена Марија“ и се предаваат на новите кумови. Со векови наназад новите кумови кога излегуваат од црква со крстот завиен во пешкир и ставен врз глава ги чека полевањето со вода од страна на група млади зубовчани. Така покиснати со вода до кожа, новите кумови ги носат крстовите во својата куќа. Крстот кај новиот кум останува до наредна година до идните Водици. Бог се Јави! Навистина се јави!
|





























