|
||||
| На Василици во Зубовце сите треба да бидат будни и да ги чекаат василичарите |
|
Празнична атмосфера, на 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува Православна Нова Година. Во село Зубовце главни се младите василичари кои шетаат по куќите, ги благословуваат и веселат домаќините. За возврат добиваат дарови, јајца, колбаси и пари и др. Сура догодина повесели одекнува низ целото село од 13-ти кон 14-ти јануар рано наутро. Зубовце традиционално го слави празникот Василици, ден по дочекот на Стара Нова година. Зубовчани се горди на оваа традиција, која велат се негува од памтивек. Василичарската традиција во гостиварското село Зубовце е прекрасен пример за тоа како македонскиот народ ги чува своите обичаи и ги предава од генерација на генерација. Овој празничен амбиент, исполнет со радост и заедништво, ги обединува жителите на селото и ги потсетува на значењето на заедничкото празнување. Традицијата започнува на Василица, празник кој се слави на 13 јануари вечерта, преминувајќи кон 14 јануари. Василичарите уште на полноќ почнуваат да ги посетуваат домовите на селаните. Се пеат песни, се изразуваат добри желби за здравје, среќа и бериќет, а домаќините возвраќаат со подароци во вид на храна или пари. Утрото, најмладите деца, придружени од своите родители, баби и дедовци, одат од куќа до куќа, што претставува можност тие од најрана возраст да се запознаат и да ја засакаат оваа традиција. Даровите кои ги добиваат – колбаси, јајца, грав, пари – се симбол на гостопримството и желбата за благосостојба. Василичарите со своите песни и позитивна енергија го прават овој ден посебен за сите, а традицијата продолжува да живее како значаен дел од македонскиот културен идентитет. Зубовчани со порака: Минатото е важно, оти иднината зависи од почитта кон минатото. Токму славењето на празниците тоа најубаво го покажува. За многу години празникот и догодина повесели, АМИН! |

























