|
||||
| Тоа што СДС за 7 години не им успеа, ВМРО-ДПМНЕ го средува за 6 месеци |
|
Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин - Паланка.
Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба. Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов. Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата.
Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево - Охрид се работи во полна пареа. Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ. Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина.
|



























