Среда, 26 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
ОМД и честита на новата Македонска Влада и Премиерот Христијан Мицковски

Вашингтон - 23 јуни 2024 година

– Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас за Македонците кои живеат во странство, упатува срдечни честитки за формирањето на новата Македонска Влада под водство на Христијан Мицкоски како нов Премиер на Република Македонија. Овој важен политички развој означува ново поглавје во патувањето на Македонија кон поголем просперитет, стабилност и интеграција во Југоисточна Европа и меѓународната заедница.

Претседавачот на Бордот на ОМД, Арџи Белио изјави: „Македонија се соочи со значајни предизвици во последниве години, кои влијаат на нејзиното достоинство, стабилност и развој. Формирањето на оваа нова влада под водство на премиерот Мицкоски претставува клучна можност за решавање на овие прашања, вклучително и неуставната промена на името што ја направи претходната влада, и ја постави Македонија на пат кон закрепнување и раст. ОМД е подготвена да ја понуди својата поддршка и соработка за да и помогне на Македонија да го реализира својот потенцијал и да постигне посветла иднина“.

Формирањето на новата влада означува значаен момент за Македонија, а ОМД очекува плодна соработка со администрацијата на премиерот Мицкоски за да го продолжи напредокот на нацијата, економскиот развој и борбата против криминалот и корупцијата.

Ко-основачот и почесен претседател на ОМД, Методија А. Колоски, изјави: „Се надеваме дека укажаната доверба во изборниот период и визијата за просперитетна Македонија ќе ги покажат своите резултати. Оваа нова влада мора да донесе надеж за зајакнати демократски институции, судски систем, образовни и здравствени институции, економски раст и зајакнати односи со дијаспората.

ОМД ги признава предизвиците и можностите кои стојат пред Македонија. Со обновен фокус на политичката стабилност, економските реформи и социјалната кохезија, ја охрабруваме владата на премиерот Мицкоски да поттикне средина погодна за напредок и единство. Дополнително, се надеваме дека новата администрација ќе даде приоритет на развојот и имплементацијата на нова Национална Стратегија за дијаспората, со што ќе се погрижи Македонците во странство да останат составен дел од развојот на нацијата.

Колоски додаде: „Македонската дијаспора е витален дел од нашиот национален идентитет и наследство, како и најдобар македонски амбасадор во странство. Со нетрпение очекуваме тесна соработка со новата влада за да ги искористиме талентите, ресурсите и посветеноста на Македонците во странство за подобрување на нашата татковина. Националната стратегија за дијаспора, доколку целосно се реализира, може да го премости јазот меѓу нашите заедници ширум светот и Македонија, поттикнувајќи поголема соработка и взаемна поддршка.

Директорот на ОМД за Македонија и Европа Гордан Јорданов истакна: „Администрацијата на премиерот Мицкоски сигнализира ново поглавје за Македонија. Нестрпливи сме да видиме имплементација на политики кои ќе го поттикнат економскиот развој и ќе ги зајакнат нашите демократски институции. ОМД е посветена на поддршка на владините напори за поттикнување на робусно и инклузивно општество. Националната стратегија за дијаспората е критична алатка во овие напори и очекуваме нејзино успешно извршување“.

Платформата за реформи и политики на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ насочени кон борба против корупцијата, подобрување на јавните услуги и стимулирање на економскиот развој резонираат со аспирациите на Македонците ширум светот. Сметаме дека овие напори не само што ќе го подобрат квалитетот на животот на сите граѓани, туку и ќе ја зајакнат позицијата на Македонија на глобалната сцена.

Како глобална организација која ги застапува македонските интереси, ОМД останува посветена на поддршката на иницијативите кои ја промовираат благосостојбата и напредокот на нашата татковина. Ја повикуваме новата влада да даде приоритет на клучните прашања како што се зачувувањето на македонското културно наследство, заштитата на малцинските права во соседните земји и зајакнувањето на меѓународните партнерства на Македонија.

На крајот, ОМД им посакува успех на премиерот Христијан Мицкоски и на неговата администрација да ја водат Македонија кон посветла и попросперитетна иднина. Ние сме подготвени да соработуваме тесно и да придонесеме за развивање и спроведување на Национална стратегија за дијаспора.

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.