Вторник, 27 Јули 2010    PDF Печати Е-пошта
„Гемиџии“
Две фигури, изработени од бронза,од вкупно седум, колку што ќе ја сочинуваат скулптурата „Гемиџии“, излеани во Фиренца, се поставени на градскиот кеј, во близина на Камениот мост во Скопје.
{besps}photo/gemidzii|width=600|height=400{/besps}
Скулптурата на„Гемиџиите“ е дел од проектот „Скопје 2014“. Нивното официјално промовирање, ќе биде во Среда.

Гемиџиите биле таен македонски терористички кружок составен од повеќе млади Македонци, револуционери-анархисти. Повеќето од гемиџиите биле интелектуалци, коишто доброволно се здружиле меѓу себе, формирајќи го кружокот, под влијание на Македонскиот таен револуционерен комитет.

Постојат повеќе верзии за тоа како Кружокот го добил името Гемиџии.

Една од нив е дека гемиџиите го добиле ова име затоа што сакале на симболичен начин да кажат дека тие биле луѓе што веќе се простиле од животот и го пуштиле својот чун (гемија) во бурното море со што или ќе успеат да го извадат на брегот или ќе го разбијат од карпите, односно нема да успеат.

Членови

Повеќето биле младинци на возраст од 18 до 22 години: Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, сите од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други.

Atentatori

Создавање на ќелија во Солун

Оформувањето на кружокот бил во дирекна врска со дејноста на членовите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Славе Мерџанов еден од дејците на овој Комитет успеал во Солун да придобие неколку ученици од Велес, а меѓу нив биле: Јордан Поп Јорданов (Орцето), Константин Кирков, Илија Трчков, Тодор Богданов, Владимир Пингов и други.

Во текот на три месеци Мерџанов успеал да ги рашири анархистичките идеии меѓу нив и врз основа на тие идеии оваа група почнала да се оформува. Како анархисти тие манифестирале индивидуалност и независност и биле критички настроени кон останатите организации како што била Македонската револуционерна организација. Тие сакале со малку човечки животи да постигнат големи резултати. Оваа група која е позната како Гемиџии сметала дека резултатите можат да се постигнат преку загрозување на интересите и капиталот на големите сили во Отоманската Империја, а преку нападите и човечите жртви самата империја да се држи во незивесност.
Врз основа на овие принципи кон групата се присоединиле и Тодор Органџиев, Илија Поп Јорданов, Димитар Мечев, Георги Богданов, Павел Шатев, Димитар Коштанов и Марко Бошнаков. На тој начин Славе Мерџанов успеал да создаде терористичка ќелија во Солун.

Гвадалкивир во пламен

gvadalkivir
Нападите започнале на 15 април 1903 година со експлозијата на парабродот Гвадалкивир, експлозивот бил поставен од Павел Шатев. Истата вечер Арсов, Мечев и Трчков поставиле експлозив на возот кој се обраќал Цариград-Солун, оштетувањата биле мали. Константин Кирков на 16 април поставил мелинит под мостот каде минувале цевки од гасовод кој бил за осветлување и градот се нашол во темнина. Потоа Трчков и Мечев се обиделе да го кренат во воздух главниот резервоар во фарбриката за осветлување но биле спречени од чуварот. Јордан Поп Јорданов го заплил фитилот со што ја разнесол Отоманската банка. Трчков и Мечев по неуспекот се разделиле, а Трчков активирал една бомба во поштата додека пак Мечев фрлил две бомби во кафеаната Египет. По нападите тие двајца се забарикадирале во своето живеалиште и речиси цела ноќ се бореле со жандармеријата и војската, пред да се самоубијат тие фрлиле околу 60 бомби. Меѓутоа нападите продолжиле: Милан Арсов фрлил бомба во кафаната Алхамбра, Кирков фрлил бомба кај Гранд Хотел, Пингов се обидел да го потпали Бошњак ан по што бил убиен, а Богданов фрлил една бомба пред кафаната Ноњо. Ноќта на 16 април наспроти 17 април одекнале неколку експлозии, а тогаш загинале Трчков, Мечев и Пингов. На 17 април Јордан Поп Јорданов почнал да фрла бомби од својот стан по што се самоубил. Истиот тој ден Цветко Трајков направил обид за убиство на солунскиот валија Хасан Фехми-паша но неуспеал по што извадил една бомба ја активирал, седнал на неа и се разнел пред очите на валијата. Последната акција била изведена од страна на Кирков кога се обидел да активира бомба во телеграфската станица но бил прободен од стражарот.
 

На прво место

News image

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Сандански во Скопје

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Санданс...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА Георги (ЏОРЏ) Томов - ДЕЛ (8)

Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, тргов...

Фељтон

News image

ОПИС НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМАТА БИТКА КАЈ ГАВГАМЕЛА (11)

  Во ова продолжение за читателите ќе  претставиме дел од седмата глава &...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.