|
||||
| Николоски:Сите кои што се против владеењето на СДСМ и ДУИ да се приклучат на големиот митинг на 18 јуни |
|
Николоски : „Сите кои што се против Владата на СДСМ и ДУИ се добредојдени. И јас очекувам десетици илјади можеби и стотици илјади луѓе да ни се приклучат од сите етнички заедници во Македонија.И еве отворен повик до сите опозициони политички партии без разлика дали претставуваат една или друга етничка заедница да ни се приклучат и заедно да ја срушиме оваа Влада“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Битола одговарајќи на новинарско прашање дали очекува на 18-ти јуни на најавениот протест поддршка од албанската опозиција. Николоски ги повика сите кои што се против владеењето на СДСМ и ДУИ да се приклучат на митингот на 18-ти јуни со цел да се побара предвремени парламентарни избори и да се стави крај на неспособната Влада која што само и наштетува на Македонија и македонскиот народ. |
























