Среда, 18 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
Стоилковски: Најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе претставува катализирање на незадоволството од Власта до конечен пораз

1naum1

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински Брифинг“  зборуваше за најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 18 јуни и посочи дека тој протест  ќе се одржи како резултат на недовербата на граѓаните и незадоволството од Владата  и всушност ќе претставува катализирање на тоа незадоволство се до конечен пораз.

-Цел еден месец кој ќе биде проследен со активности кои ќе бидат во рамки како продолжение на оваа активна блокада на Собранието, оној активен отпор на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата кон овие катастрофални, штетни политики на оваа власт после 5 години. Апсолутно се гледаат и рејтинзите на довербата кон Владата односно недовербата кон Владата, на оние анкети кои редовно се спроведуваат, се гледа дека повеќе од две третини од граѓаните јасно се изразуваат против власта. Недовербата кон оваа власт е нормална и ова ќе биде катализирање на она незадоволство до конечен пораз на катастрофите за Македонија, рече Стоилковски.

Портпаролот Стоилковски во текот  на своето гостување се осврна и на активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и потенцираше дека таа блокада во Собранието е токму за да се спречат штетните закони и  решенија кои оваа власт ги предлага.

-Активната блокада е токму тоа спречување на штетните закони и решенија кои ги предлага оваа власт која зад себе има тешки криминогени и лукративни моменти и кои одат на штета на  државата, кажа тој.

Стоилковски исто така говореше и за снимката за Талат Џафери и додаде дека јасно е дека нема сомнеж кој зборува и се обраќа на снимката.

-Одеше во живо на Собраниски канал, од Собрание ја потврдија автентичноста на снимката и кој зборува, Талат Џафери го потврди сето тоа, јавноста го виде сето тоа, кажаа дека микрофоните биле вклучени и оставени така што нема сомнеж кој зборува и кому се обраќа, вели тој.

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.