Вторник, 24 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
Македонија со пропадната економија прима бегалци кога македонските граѓани бегаат од државата

1nikoloski24

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посета во Гази Баба за „големото срце“ на Зоран Заев и бегалците од Авганистан, вели дека кога бегалците ќе дојдат тука и ќе видат колку се лоши условите во Македонија и пропаднатата економија, ќе побараат да се вратат назад во Авганистан.

- Факт е дека во Авганистан се случува голема хуманитарна трагедија, и дека на многу луѓе им треба помош. Но, она што ние го спориме се условите во Македонија, затоа што кога ќе дојдат бегалците во Македонија и кога ќе ги видат нечистите и несредени улици, дупките на улици, пропаднатата економија, кога ќе видат со што се соочува Македонија, веројатно ќе сакаат да се вратат назад во Авганистан, затоа што во моментов е полошо во Македонија отколку во Авганистан, рече Николоски.

Тој прашува која е логиката да Македонија прима бегалци, кога македонските граѓаните бегаат од државата барајќи подобар живот во Европа.

Да не заборавиме, Македонија во моментов е извозник на бегалци, затоа што од Македонија кој може бега, секој што може да ја напушти, бега, илјадници луѓе емигрираат од Македонија во европските држави. Која е логиката да Македонија прима бегалци во услови кога од Македонија бега секој кој што може да избега, истакна Николоски.

Линк од видео материјал

https://youtu.be/KT1p31rvp5Y

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.