Среда, 23 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава по дванаесети пат ќе го организира традиционалниот илинденски марш

1gv1

Почитувајќи ги светите Илинденски традиции и годинава по 12 пат членовите на здружението Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче се припремаат за традиционалните маршеви до Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2021 година во рамките на свечаностите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“, ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.

„Света должност на секој Македонец е да ги продолжува традициите и да го чува споменот на оние наши претци, кои пред 118 години веруваа во слободна и независна Македонија. Нивните жртви не` потсетуваат дека, нема ништо посвето од борбата за слобода на својот народ и создавање на самостојна држава.

Македонија е свето име, испишано со крв на генерации македонски синови, на кои вечно ќе им оддаваме почит, зошто ни покажаа дека слободата не се подарува, туку таа единствено може да се извојува преку крвта на своите најдобри синови“.

Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава по дванаесети пат ќе го организираат традиционалниот коњички марш.

1.gv

Коњаниците облечени во комитска одежда утрото на 26 јули 2021 (понеделник) од с.Зубовце, с. Тумчевиште и Гостивар ќе тргнат кон Бигорскиот Манастир, а на 27 јули по литургијата, примениот благослов во Манастирот Свети Јован Бигорски и положената комитска заклетва ќе продолжат за Крушево, по патот по кој биле пренесени црешовите топчиња како поддршка на илинденските востаници.

Манастирот Св. Јован Бигорски има посебно место во историјата на македонскиот народ.

Во 1903 година, манастирот служел како главна база на дејствување во подготовката на комитетите, а сите села од двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. На сите дејци монасите им овозможувале престој, а во манастирот бил изграден склад за оружје.

По иницијатива на игуменот на манастирот еромонахот Партениј, монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснак (добар техничар) со помош на Никола и кираџијата Секула направиле две топчиња. Браќата Канчески ги натовариле топчињата на коњи и заедно со Никола и Секула, во придружба на милицијата од Галичник ги пренеле преку Бистра до определеното место над с.Душегубица-Кичевско. Со тие две топчиња вечерта пред Илинден како што стои во историските списи, бил испукан првиот истрел што го означил почетокот на Илинденското востание. Во манастирот биле изработени уште три топчиња.

Во спомен на 118-годишнината од Илинденското востание, младите родољуби од здружението “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“, на чело со  војводата, повторно ќе дојаваат до Манастирот Св. Јован Бигорски.

2 gv2

Како некогаш, така и сега по молитвата и заклетва за верност кон македонското дело пред камата и револверот благословени ќе тргнат кон Крушево по патот на црешовото топче, пат кој го означува стремежот на македонскиот народ за своја татковина.

Должност на македонскиот народ е да ја љуби својата татковина, зошто Господ како и на секој народ и него му дарувал прекрасна и чудесна земја. Со векови македонскиот народ ја негувал љубовта кон овој голем Божји дар. Со векови тој леел крв за слобода на татковината. Денес, кога во процесот на глобализација во светот исчезнуваат традиционалните морални вредности, а со тоа и цели народи, за да се сочуваме како Библиски народ, мораме пред себе да го имаме споменот за нашите пожртвувани предци, кои го полагале својот живот за ближните свои. Тие постојано ни сведочат дека љубовта кон татковината е божествено и спасително дело.

Маршот на коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ прв пат се одржа пред дванаесет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

Со поаѓањето од Бигроскиот манастир за Крушево, коњаниците не` присетуваат на нашите славни Илинденци, на монашкото братство и на народот кој им давал голема подршка во сенародното ослободително востание.

Kоњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ тргнува за Крушево да им се поклони на: Гоце, Даме, Карев, Питу, Сандански, Александров, Камхи, Гемиџиите, Ченто, Брашнаров, и на илјадниците борци во револуционерното дело кое е симбол на македонскиот непокор.

Исто така коњаницата БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ, се поклонува и на бранителите од 2001, се поклонува и на загинатите Македонски бранители во Куманово, полицајци на полициската единица за специјални задачи „Тигар“ кои ги дадоа своите животи за Македонија.

Оваа година коњичкиот марш го посветуваме на уставобранителите кои невини лежат во Македонските зандани.

СЛАВА ИМ!

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.