Среда, 26 Мај 2010    PDF Печати Е-пошта
Житни полиња, крвави ридови: за националното во Егејска Македонија


Fields of Wheat, Hills of Blood: Passages to Nationhood in Greek Macedonia, 1870-1970, The University of Chicago Press, Chicago and London, 1997, Anastasia Karakasidou.

zitni-polinja

Монографијата на Анастасија Каракасиду "Житни полиња, крвави ридови: за националното во Егејска Македонија, 1870-1970" во последните години се претвори во едно од појавите на модерната историска антропологија. Од публикувањето во 1997 г. до денес е преведена на неколку јазици, вклучително и на македонски јазик но не и на грчки. Тоа се должи на следните објаснувања. Книгата зафаќа клучни и истовремено деликатни проблеми околу постепеното грцизирање и национализирање на Егејска Македонија од ХІХ и почетокот на ХХ век. Таа претставува најсериозниот и успешен обид во последно време за комплексно и максимално објективно представување на крвавата историја на регионот, а истовремено и длабочини, локални проучувања и "сондажи".

Пред нас е историја, во која се интегрирани раскази, социјалните и економските збиднувања, трагичната судбина на прогонетите и се она, кое ја создава современата физиономија на Егејска Македонија. На овој исклучително богат историско-антрополошки фон, Анастасија Каракасиду ги осмислува проблемите како инструменталното насилство и власта, судбината на личности , реалното и симболичното присвојување на донационалните балкански и малоазијски пространства. Таа ги проследува различните патишта на асимилацијата и интеграцијата, сврзани со државната политика, во историјата на регионот и целата палета од лични и групни стратегии и истории. Авторката навлегува во теми, коишто биле и се уште се табу во не само грчката, но и во балканската историографска традиција. Таа ја опишува без колебање судбината на "славофоното" население низ разнообразен документарен и етнографски материјал, собиран многу години. Во нејзината родна Грција авторката е "персона нон грата", дури и во средината на академиците.

Публикувањето на книгата на англиски јазик мина во знак на вистински меѓународен скандал. Под притисок на грчкото министерство за надворешни работи книгата е сопрена во Оксфорд , што предизвика бурни протести и во крајна мера монографијата беше издадена во Чикаго . Меѓувремено авторката беше подложена на закани по живот и системна тортура- малтретирање од страна на некои крајно грчки националисти.

Книгата на Анастасија Каракасиду ги збогатува значително нашите познанија за историската судбина на Егејска Македонија и нејзиното население и човечките трагедии. Едно такво издание ни дозволува да вникнеме во целата сложеност на

проблемите, сврзани со националната интеграција и хомогенизација како процеси, карактеристични за целиот регион на Југоисточна Европа во ХХ век.

Во екот на најголемата грчка анти-македонска хистерија пред петнаесетина години, Анастасија не само што ја напиша оваа книга туку и настапуваше во разни семинари и отворено зборуваше за шовинистичката политика на Грција.

Жената беше и се уште е под страшен притисок. Тогаш постоеше реална опасност да и ги убиијат децата или неа. Жената доби нервно растројство заради тоа што и правеа.

Еве извадоци од нејзината книга:

424944" Во соперничките распарави на градењето нации на јужниот Балкан, зборот ’Македонија’ веќе не е само име на спорниот регион, туку е и симбол на националниот идентитет и на правото на историската слава. "

"На други места во грчка Македонија, терминот [en]-dopyi (мештани) се користи да се означат славофоните кои го населувале регионот уште пред тој да биде инкорпориран во гpција во 1913 г.; во окрузите Воден и Лерин, на пример, изразот dopyos Makedhonas (локален Македонец) најчесто означува Славофон."

Книгата на Каракасиду е сериозен научен труд, основан на дисертациjaта на авторката во Колумбиjскиот универзитет . Таа претставува научно етно-археолошко проучување на населението, кое живеело во близина на Солун плодородно поле во триаголник околу селото Ѓувезна (на грчки Асирос, Маврорахи и Екзамили), и го проучува националниот проблем во Грција од 1870-1990 г. Тој триаголник крстен од грците Лангадхас и според авторката е типичен и за останатите села. Заклучокот на Каракасиду е, дека целиот тој триаголник бил населен од луѓе, коишто до ХХ век зборувале словенски јазик, а не грчки. Тоа нејзино тврдење е поткрепено од неспорни лингвистички и археолошки докази.

Таа теза на авторката е во потполна противречност со официјалната грчка историска наука, која што упорно тврди дека Македонија била грчка уште од времето на Александар Македонски (IV век пр. Хр.) и секогаш била во тесна врска со елинска култура. Вистина е, кажува истата таа наука, дека имало словенско населување во таа област дури до Пелопонез во VI и VII век по. Хр., но поразените словени биле наполно елинизирани. "Тоа не е точно" - тврди Каракасиду. Словените зборувале до неодамна не само по нивите и ридовите на Ѓувезна. Зголемениот притисок, особено по Балканската војна од 1913 г., направи словените да ја почувствуваат забраната да се зборува на својот јазик "македоника" .

Таа ги проучва старите општински регистри, списоците на мажите, регистрите за свадби и раѓања, официјалната книга од Генералната дирекција за Македонија во Солун, како и местни документи за правни зделки меѓу населението. Исто така земјоделските списи и прераспределбата на земјата, црковните и училишните архиви се исто така проучувани највнимателно од авторката. Особено важни се разговорите, коишто таа ги води со месните жени, кај кои стекнала доверба. "Најпотресувачки е тој со Паскалина, која истрпела многу заради нејзиното потекло. Таа дури го дала на суд "за обид" еден човек, којшто јавно ја нарекол"бугарка".

И покрај откажувањата на англиското издаваштво да го отпечати научниот труд, книгата СЕПАК ГЛЕДА БЕЛ СВЕТ. Таа се издава накрај во Чикаго заедно со книгата на американскиот професор Лоринг М. Данфорт "Македонскиот конфликт".Научниот труд на Анастасија Каракасиду ја кине тешката завеса, која ја покрива жестоката денационализаторска дејност на Грција над македонците. Истовремено за прв пат еден грчки историчар се осмелува да ја каже историската вистина, без да се плаши за својата иднина и кариера.

Клаудија Лутовска

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.