|
||||
| Повик за акција: Кажете им на меѓународните медиуми да престанат да шират омраза против Македонците |
|
Одете на http://mhrmi.org/act/media веднаш за да ја испратите следната порака до меѓународните медиуми: Вашето известување за Македонија шири омраза Изразот "Северна Македонија" го негира нашето име и идентитет. Крајно е навредливо вашето известување дека со принудното преименување на Македонија (кое Македонците во целост го отфрлаат) се "решил дипломатски спор". Ние сите имаме право на самоопределување, но ова право брутално им е одземено на Македонците, а оваа постапка вие ја славите. Во вашето известување тргнувате од претпоставката дека правото на Македонците на своето сопствено име е "новосоздадено", и дека Грција е "вистинскиот" сопственик на нашето име, и покрај тоа што Грција со генерации го негираше постоењето на Македонија, ја забрануваше употребата на зборот на "М" и спроведуваше брутални политики чија цел беше да се избришат Македонија и Македонците. Нивното новоизмислено барање дека името Македонија е нивна сопственост - кое првпат го промовираа во 1988 година - е провиден обид да се одврати вниманието од нивните анти-македонски политики, што грчките политичари и јавно го признаваат. Немојте да ја славите оваа злоупотреба и културолошки геноцид. Прочитајте го следниот текст https://mhrmi.org/news/you-would-never-give-away-your-ethnic-identity-so-why-should-macedonians и кажете ми што мислите за него. Кажете ми дека ќе почнете одговорно да известувате за принудното преименување на Македонија и дека ќе го браните нашето право да постоиме. Ви благодариме. |




Посетете ја страницата 


















