|
||||
| Покана за настани на носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ |
|
Почитувани, Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 24.06.2020 година, носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го посети Охрид, каде во 20:00 часот ќе има средба со граѓани. Проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова, носител на Изборна единица 1 ќе ја посети скопската општина Карпош, и ќе даде изјава пред платото на Драмски театар во 20:00 часот. Владо Мисајловски, носител на Изборна единица 2 ќе го посети Ѓорче Петров, и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот пред црквата Св. Петар и Павле. Александар Николоски, носител на Изборна единица 4 ќе ја посети Струмица, и ќе даде изјава за медиуми во 12:00 часот, на плоштадот пред споменикот на Гоце Делчев. Игор Дурловски, носител на Изборна единица 5 ќе го посети с.Велгошти, каде во 17:00 часот ќе даде изјава за медиуми. Дафина Стојаноска, носител на Изборна единица 6 ќе го посети Тетово, каде ќе има изјава во 12:00часот пред црквата Св. Кирил и Методиј. Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19 носејќи лична заштитна опрема. ВМРО-ДПМНЕ |




Известување до медиумите – Покана за настан


















