|
||||
| Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски |
|
Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски, но неговото дело и завет за Македонија продолжи. Тој во референдумскиот манифест во 1991 година ќе напише : „Покрај мрачната страна на политичките огледала во кое се топи ликот на Македонската Република, постои и светла страна. Интересите на Македонија бескомпромисно и неуморно ги заштитува татковинската илинденска партија ВМРО-ДПМНЕ која во судбоносните историски моменти се потврди како борец за независна македонска држава. Иако шиканирана од власта, прогонувана, клеветена, ВМРО-ДПМНЕ исполнува во политичкиот живот на Македонската Република многу важна улога бидејќи таа е носител на илинденскиот идеал на македонскиот народ за независна држава“, ова го напиша Драган Богдановски. Слава му!
|

























