|
||||
| МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА ЈА ПОБЕДИЈА СОФИЈА ВО СТРАЗБУР! |
|
Со пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците од Бугарија издвојуваа голема победа против бугарската држава во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година. Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот на отпочнување преговори на Македонија за членство во ЕУ. За што станува збор? „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “, здружение со седиште во Благоевград, Бугарија и претседателот на нејзиниот одбор г-дин Ангел Кирилов Радонов, а Државјанин на Бугарија („апликантите“), на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку Адвокат Менкиноски Тони поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од ипричина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските. „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија “,е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Р. Бугарија Со оваа голема победа во Стразбур, Македонците од Бугарија многу и помагаат на Македонија да се справи со политичките условувања од официјална Софија. Со оваа пресуда, сега во Бугарија ке има здружение на Македонци во услови кога официјална Софија сака да биде укинато постоењето на македонски јазик. |
























