|
||||
| За каква нова брза трансформација на економијата говорите??? |
|
Не ви е вас приоритет здравјето на граѓаните, да ви беше немаше само да мислите како да “кркате” морски плодови и апетисани во ек на пандемија, туку ќе се погрижевте за медицинскиот персонал да има заштитна опрема, немаше цели 3 месеци во пандемија да најавувате респиратори кои сѐ уште не се пристигнати, немаше да вршите масовни партиски вработувања, ќе помогневте на стопанството и на фирмите за да не се случат масовни отпуштања.
За каква нова брза трансформација на економијата говорите??? Вие, г-не Николовски имавте 3 години да работите на економијата, но наместо да работите, вие одбравте да шетате низ светот со државни пари, да местите милионски тендери, да правите плантажи со марихуана и да дивеете низ Македонија, притоа да го лажете народот како економијата блеска! Единствено по што блескаме, е масовно задолжување без никакви капитални инвестиции. За цели 3 години немате ставено една шајка во ниту една институција. Вас очигледна добро ви оди кафанскиот живот и чочеците на автопати. Функционални институции, г-не Нилоловски, ќе има кога ќе се исчисти партизацијата која ја правите секојдневно. |





Наместо да се грижите за лекарите и пациентите, ги оставате луѓето кои се во првите борбени редови без основни средства за егзистенција. Вработените во Институтот за јавно здравје, кои се дел од целиот процес на тестирање од коронавирусот и секојдневно се во служба на граѓаните во екот на најголемата здравствена криза во државата, немаат ни за леб. За стотина медицински лица вработени во Институтот за јавно здравје нема ниту плата, ниту здравствено и пензиско осигурување за месеците март и април. Стотина вработени во Институтот за јавно здравје немаат здравствено осигурување во ек на корона.


















