|
||||
| Ајде да ѝ помогнеме на Македонија да ја победи оваа пандемија! |
|
Генерација М, програма за млади лидери на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), со гордост ја објавува својата најнова crowdfunding кампања Можеме #ЗаедноОдДома. “Можеме #ЗаедноОдДома” е crowdfunding иницијатива, која има за цел да ја соедини општествената поддршка во борбата на македонскотo здравство против COVID-19 вирусот. Стремиме кон поедноставување и подобрување на процесот за донации преку собирање и насочување на финансиски и материјални средства од индивидуални и деловни донатори. Составивме листа на приоритети за собирање средства според моменталните потреби, која редовно ја ажурираме со здравствените власти и домашни добавувачи. Опремата и помагалата од листата ги споделуваме на нашата платформа и собираме средства за нивно обезбедување. Донирај, сподели и приклучи се - Можеме #ЗаедноОдДома! Во соработка со македонски (и локални) добавувачи и доследно на објавените цели за донации, донираните средства директно ги исполнуваат потребите на македонскиот здравствен систем. Во духот на апсолутна транспарентност, се додека е потребна граѓанска помош за институциските потреби во борбата против COVID-19, постигнатите цели ќе може да ги следите на нашата платформа. Континуиран успех на оваа и истомисленичките кампањи би се одразил во подобрени услови и снабденост на македонското здравство, а последователно на тоа, навремено закрепнување на целиот свет. Водејќи се по зборовите на Мајка Тереза, “Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек”, веруваме дека можеме заедно да направиме разлика, обединети во борбата против невидливиот непријател. Ви благодариме за тоа што директно и индиректно придонесувате кон зајакнувањето на здравствениот систем, и Ве молиме да помогнете во ширење на иницијативата. Секоја донација ќе им помогне на оние кои упорно работат за да нè заштитат. Ве молиме да ја споделите пораката дека Можеме #ЗаедноОдДома да пружиме поддршка и помош. Можете да донирате и да ѝ помогнете на Македонија да ја победи оваа криза преку овој линк: https://secure.everyaction.com/zEJGvK370EaDPjhISFvsPw2 Исто така можете да нè следите преку Инстаграм: @zaednooddoma Ајде да ѝ помогнеме на Македонија да ја победи оваа пандемија! |




Иницијатива на ОМД Генерација М за битката против КОВИД-19 – Можеме #ЗаедноОдДома


















