|
||||
| ЕЈ МИЗЕРИЈО ОД ЧОВЕК ШТО ПРАВИШ |
|
НЕКОЈ БИЛ НАВРЕДЕН На ден 13.05.2020 година добив – „ Барање за јавно извинување“ од градоначалникот Борјанчо Мицевски а во врска со мојот текст на фејзбук од 01.05.2020 година под наслов: Имено истиот бара да му се извинам за навредливите зборови –„ Мизеријо од човек“, „Ти си една обична помија“, „Поданик“, „Предавник“ и др. Искрено кажано во овој текст јас него ниту го имам спомнато по име и презиме, ниту како градоначалник, ама ете човекот се пронашол баш во овие зборови, односно се видел како во огледало дека е тој и што е тука мојата вина? Имајќи го во предвид тоа дека во државата си имаме приватизирано судство од страна на владеачката партија, кое ќе работи баш онака како што ќе им се заповеда, а и за воља на вистината тоа се потврди кога го слушнавме и градоначалникот баш пред некое време кога истиот излезе на прес конференција и им нареди на судиите и обвинителите што и како треба да работат, на кого треба да поднесат кривична пријава и кого треба да го казнат и огласат за виновен. Реално не би сакал да се занимавам со глупости, па еве јавно се извинувам, затоа што Борјанчо Мицевски иако никаде не спомнат со име и презиме или со функција, ама се пронашол и се навредил од зборовите: ТИ СИ ЕДНА ОБИЧНА ПОМИЈА, МИЗЕРИЈО ОД ЧОВЕК, ПОДАНИК,ПРЕДАВНИК И ДР. Оставам на јавноста да процени кој е повреден и навреден дали тој што го уништува, или пак јас што сум го направил тој плоштад во времето кога сум бил градоначалник на Крива Паланка, како и граѓаните на кои сака да им уништи дел од историјата, која ја нарекува туѓа, да уништи плоштад украсен со сонцето кое е во срцето на мнозина од нас. Граѓаните нека проценат дали со тие зборови сум го навредил. Токму поради тоа ги објавувам уште еднаш текстот под наслов „ЕЈ МИЗЕРИЈО ОД ЧОВЕК ШТО ПРАВИШ“ како и неговото барање за јавно извинување.
|




Арсенчо Алексовски





















