|
||||
| Светислав Васев: Поминува времето, ќе се дигне прашината |
|
На денешен ден се случи најголемата режија во современата македонска политичка историја. Толпа искрен македонски народ, кој беше испровоциран од антидржавните дејствија на СДСМ влезе во собранието, се беше по план на режисерот - СДСМ, со цел да се намонтираат на власт и да сроведат национален егзодус. Го сменија името спротивно на волјата на народот, потпишаа договор со Бугарија, со што потпишаа дека практично сме нација која произлегла од втората светска војна, теза која ако не ја прифатиме ќе можат да не блокираат на патот кон ЕУ. И за што? За пари. За пусти пари, за тендери и вртење на милиони заедно со тие кои до вчера ги плукаа и нарекуваа криминалци. А затворените за 27 април? Тие се само колатерална штета која ја пресметал режисерот. Тие се луѓето жртва на системот, кои мора да бидат рехабилитирани. Поминува времето, ќе се дигне прашината. Ќе дојде време за одговорност за сите местенки и сценарија! Светислав Васев |
























