|
||||
| ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19, ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД |
|
ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19, ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска Др. Фаустман, со предлог испитувања за лупус и во Република Македонија во 2007 Во екот на пандемијата на ковид-19, светски научници ги засилуваат своите истражувања на вакцини и лекови во забрзување на нивната примена во оваа биолошка „војна“. Еден од нив е и професорката од Харвард, Др. Денис Фаустман, позната и на дел од македонската јавност. Во 2007 година, таа направи обид во своите испитувања да вклучи пациенти и донации од тогаш Република Македонија. За таа цел беа консултирани академик Момир Поленаковиќ, лекари од Клиниката за нефрологија на УКИМ и Благој Механџиски од Зегин. Иницијативата на Др. Фаустман беше инспирирана од нејзината пациентка со македонско потекло, Емилија Кукубајска, чие има побара да го носи и предложената фондација. За спроведување на иницијативата определи координари: за САД, проф. д-р Лилјана Стевчева, нејзина асистентка од македонско потекло, и за Македонија, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, мајка на тогаш починатата пациентката Емилија. Во изданието од 5 април 2020, Њујорк Тајмс објави статија „Може ли една стара вакцина да го запре корона вирусот? со фотографија и изјава за весникот од познатиот имунолог, проф. Денис Фаустман. Се работи за вакцината против туберкулоза, BCG (Bacillus Calmette-Guerin), на која проф. Фаустман интензивно и долгогодишно истражува на Харвард. Во нејзината лабораторија во MGH, Општа болница во Масачусетс, Др. Фаустман врши клинички испитувања за примена на BCG вакцината против дијабетес и автоимуни заболувања како лупус, а по пандемијата укажува на нова примената на BCG вакцината - против Ковид-19. Проф. Фаустман и неколку научниците од други земји, поаѓаат од 100 годишната примена на вакцината која спречува и ја намалува смртноста кај новороденчиња и помага во намалување на нивните респиратпорни инфекции, пишува Њујорк Тајмс. Веќе е докажано дека ТБЦ вакцината го „тренира“ и зајакнува имуниот систем да препознае и напаѓа инфекции од голем број вируси, бактерии, паразити, сепси и др. Постојат епидемиолошки податоци и за бенефитите од оваа вакцина на стотици илјади деца во 33 земји. Спрема податоци објавени во 2011 година, во Гвинеа Бисао, Западна Африка, смртноста од инфективни болести кај неухранети новороденчиња се намалила за 40 %. Др. Фаустман веќе работи на додатни клинички испитувања на делувањето на вакцината против корона вирусот, очекувајќи додатна помош од донатори и средства од финансиски фонд од 2.2 трилиони долари наменети од претседателот Донал Трамп за потребите на американското здравство во сегашната пандемија без преседан. BCG вакцината настанала во 1890те години, од животинско потекло – крави, болни од туберкулоза на која млекарките постанале имуни преку близина при молзењето. По овој настан научниците ја култивирале бактеријата повеќе од една деценија, при што ја ослабнувале до степен на применливост кај лабораториски животни, за безбедна примена и на луѓето, 1921 година. Посветувајќи се на проширување на примената на BCG вакцината, д-р Фаустман се става на листата на најамбициозни испитувачи на вакцината во нова примена - против корона вирусот. Бидејќи кај ковид-19 се откриваат брзи мутации, се зголемува и опасноста од неговата зголемена резистенција. Затоа проф. Фаустман се залага под итно да ја доразвие оваа вакцина за која ветува резултати и примена по само 4 месеци. И други нејзини колеги низ светот веќе прават итни испитувања пред примена. Научници од Австралија, на 6. април 2020 година веќе администрирале BCG вакцина за контролирани испитувања на илјадници медицински лица. Исти клинички испитувања се воведени и во Холандија, неколку дена пред тоа.
Др. Фаустман, во Харвард лабораторијата, со нејзиниот пациент Емилија Кукубајска и мајка и’ Марија, 30 дена пред смртта на Емилија од лупус нефритис компликации, 2006
Проф. Фаустман од Харвард универзитетот, Бостон, во нејзината лабораторија со проф. Кукубајска, УГД, Штип, 2012 Делумен извор: |


























