|
||||
| Вистинските херои во оваа битка не се политичарите, туку сите оние кои се во првите редови во борбата против пандемијата |
|
Игор Јанушев Постои основаност за сериозна загриженост. Бројката на новозаразени расте и Владата под итно да обезбеди објекти и спортски сали кои ќе ги пренамени и приспособи за привремени болници. Вчера, за само едно деноноќие имавме над 70 нови пациенти позитивни на тестовите, 2-ца починати. „Мантрата“ дека имаме линеарен пораст не „држи вода“, линеарно ќе беше ако дневно се констатираа по 20-на, сега бројката веќе ја надминува 70 нови заболени секој ден, тоа е пораст од 250% и е далеку од линеарно, не сум математичар, ама повеќе ми личи на експоненцијално!? Трагедијата да биде поголема за сите нас, повеќе од 50 се здравствени работници, само завчера – 14 медицински лица од Штип и тоа од Инфективното одделение се исто така во самоизoлација, 11 во Куманово, вработена од поликлиниката Чаир е позитивна и сите нејзини колеги се во самоизолација, сите 11 вработени од Центарот за Јавно здравје во Гостивар и истиот од пред 3 дена е затворен, 3 здравствени работници во Прилеп ... истовремено експертите кажуваат дека многу поголем број медицински лица се во самоизолација. Го виде и/или слушна Филипче да ја каже точната бројка? А, Владата ... неспособна каква што е ... дури вчера, внимавајте, на 17-от состанок на Главниот координативен кризен штаб, посебно внимание посветила на заштитата на медицинските работници и обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето со пандемијата!!! Додека СЗО кажува „Тестирај, Тестирај, Тестирај“ ... кога имаме примери како Јужна Кореја и Јапонија... вие кажувајте примери дека „секаде е исто“, „па тоа е – пандемија е“ ... вистинските херои во оваа битка не се политичарите, туку сите оние кои се во првите редови во борбата против пандемијата. Дечки секоја чест, ја имате нашата почит. |
























