|
||||
| Гордана Димитриеска-Кочоска: Апелирам, да се носат брзи мерки но притоа фер да бидат за сите |
|
Почитувани Два дена сме сведоци дека се лицитира со бројката околу нето јавниот долг кој би го имала државата на крајот на годината. Но во ниту еден момент не ја слушнавме целосно пресметката како е дојдено до истото. Прашувам: - Зошто трезорот функционира како да нема вонредна состојба и како да нема вакви проекции по однос на задолжувањето, проекции кои самата власт си ги направила? Почитувани граѓани, пред два дена на сајтот на министерството беше објавено извршувањето на буџетот за месец февруари. Секој од вас може да го погледне. Уште тогаш власта се спремала за избори трошејќи 50 милиони евра повеќе од она што го имала како прилив. Да не заборавиме во месец февруари во Италија, веќе голем број на лица беа заразени, а власта очигледно мислеше само на избори. Не е време за купување на гласови, време е владата пред се да го обезбеди министерството за здравство, со се што е потребно за лекарите да бидат максимално заштитени, а и на граѓаните да им се обезбеди што подобра здравствена заштита. Владата да превземе итни мерки за кратење на трошоци, а не само да носи уредба за пренамена на средства, која ништо не значи во моментов (да појаснам ако има планирани средсва за одредена небитна работа, никој не може да ги спречи одговорните лица да ја реализираат, односно да трошат). Да се даде максимална поддршка на приватниот сектор сега и веднаш. Давање на поволни кредити преку развојната банка, каде услов е сите даноци да бидат платени ќе биде проблем за дел од компаниите. Се прашувате зошто? Компаниите до 24 март поднесуваа завршна сметка и даночни биланси, по што треба да го платат данокот на добивка (за оние кои имаат за доплата). Што со оние компании кои не се во можност тоа да го направат тоа. Зошто тие се ставени во полоша состојба? Што со уредбата за одлагање на данокот на личен доход, данокот на добивка која влегува во сила од денот на донесување, уредба во која право на одлагање ќе имаат компаниите, кои нема да отпуштат од работа луѓе освен во случај на смрт, пензионирање и само со спогодба со вработениот. Што ќе се случи со компаниите кои пред носење на уредбата веќе отпуштиле од работа па макар и спогодбено? Тие компании на денот на донесување на уредбата имаат помал број на вработени. |
























