|
||||
| Игор Јанушев: 12% од заболените со корона се лекари и здравствен персонал |
Игор Јанушев12% од заболените со корона се лекари и здравствен персонал. Тоа значи само едно, дека оние кои се во прва линија во борбата со епидемијата се незаштитени. Наместо секојдневни прес конференции за заштита на рејтингот, Владата и Филипче нека направат нешто за заштита на здравствениот персонал, докторите и медицинските сестри. Навистина е поразително поради недостиг на соодветна заштита и протоколи да се руши здравствениот систем и да страдаат оние кои најмногу и единствено можат да помогнат. Лекарите се оставени голораки да се спротивстават на силната епидемија. Тоа не смее да се дозволи. Потребна е итна реакција на министерот и обезбедување на сите потребни средства. Да се делува одговорно и посветено, затоа што секој живот вреди! |




Игор Јанушев


















