|
||||
| Во дијаспората живеат горди и достоинствени Македонци |
|
Христијан Мицкоски Во дијаспората живеат горди и достоинствени Македонци коишто никогаш не заборавија на своето огниште, не заборавија на корените и така ќе биде и во иднина. Денеска ние се наоѓаме пред историски предизвик којшто е многу значаен не само за Македонија, не само за македонската нација, туку и за сите граѓани во оваа држава. Зошто? Затоа што на овие избори за прв пат ќе имаме една македонска политичка партија, неколку албански и една партија која што е, не знам како да ја наречам. Бидејќи вчера лидерот на таа политичка партија јавно кажа дека се одрекува од родот свој. Јас барем така го сфаќам тоа дека изјавата на Зоран Заев гласи дека веќе СДСМ не била македонска политичка партија, туку била мултинационална со доминантно македонско гласачко тело. Еве јас денес ја поставувам оваа дилема пред вас, дали можеби треба македонското гласачко тело овој пат да му ја исполни желбата на Зоран Заев и овој пат да не биде доминантно гласачко тело кое што ќе излезе на тие избори и ќе гласа за СДСМ. Но, тоа е до македонското гласачко тело, до Македонците не само во Македонија, туку и надвор од Македонија. И јас ја користам оваа прилика да апелирам до сите Македонци каде и да се наоѓаат, дали во овие 25 илјади километри квадратни или насекаде на светот, во Америка, Европа, Азија било каде. Ајде да му ја исполниме желбата на Зоран Заев овој пат. Народот ќе ги казни и затоа сега е денот кога народот треба да зборува гласно позади гласачката кутија и да ги казни за сите неправди кои ги донесоа во овие 30-тина месеци. Ќе се изнаслушаме се во овие неколку недели до изборите, можеби ќе ветат и бесмртност за да ги задржат фотелјите. Тоа ќе го прават затоа што знаат дека се грешни. Знаат дека после 12 април и сите оние гласноговорници кои што ми ги праќаат да договориме се враќаат со лоша вест, нема договор со овој и знаат дека после 12 парил ќе одговорааат. |
























