|
||||
| Рашела Мизрахи: оствари средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние |
|
Борбата против поделбите и сегрегација во општеството по основ на религија, етничка припадност и останати основи беа дел од темите на кои разговаравме на денешната средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Францускиот амбасадор се интересираше за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на владата за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување. Го информирав амбасадорот за сите предизвици со кои се соочува таа како министер, но и како жена во период на функционирање на техничка влада, но и во услови на големи поделби во општеството. Двајцата соговорници, соопшти прес-службата на МТСП, заеднички ја потврдиле важноста и заложбите за унапредување на родовата еднаквост и потребата од идна соработка во превземање на афирмативни мерки за зајакнување на местото и улогата на жените во општеството.
|




Министерката за Труд и Социјала оствари средба со Амбасадорот на Франција во Р. Македонија Кристијан Тимоние



















