|
||||
| Виолета Ачкоска-Горда сум што сум Македонка |
|
4 февруари - ДЕН НА РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Горда сум што сум Македонка и што денес со моите колеги и голем број македонски патриоти на најдостоинствен начин го одбележавме денот на раѓањето на Гоце Делчев, на трибината организирана од СПМ. Еве дел од моето експозе на трибината: „Можеби посебен нишан имаше звездата што падна од Кукушкото небо над домот на Делчеви, на 4 февруари 1872 г., кога се роди првото машко чедо на Султана и Никола. Toa беше звездата што блесна и ја осветлуваше Македонија во најклучните мигови на нејзината борба за автономија. Низ само една деценија револуционерна дејност (1894 - 1903), Гоце Делчев ги сублимира и ги изрази вековните стремежи, борба, недежи, сите завршени и незапочнати битки на својот македонски народ за слобода и државност. ...Ликот и делото на Гоце Делчев беа и останаа светост за секој Македонец и затоа тој има заслужно место во вечната куќа на македонскиот опстој. Неговите коски почиваат во престолнината на слободна Македонија, според заветот што го остави“. Денес 4 февруари во 11 часот, традиционално оддаваме почит на гробот на Делчев во црквата св. Спас. |
























