|
||||
| Денеска бев во работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар |
|
Денеска бев во работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар остварувајќи средба со Дарко Обадиќ, директор на центарот во Тетово и со директорката Нада Величковска од ЦСР Гостивар. Мојата заложба и интерес се условите во коишто работат центрите и начинот на работа со странките кои бараат услуги од нив. При тоа, потенцирав дека прва и основна цел на центрите е од тука да излезат задоволни странки посебно затоа што станува збор за лица кои се најчесто во некаков ризик или, пак лица коишто имаат потреба од подадена рака од државата од одреден момент во нивниот живот. Од разговорите ги слушнав проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во овие центри. Тие се детектирани и ветувам дека сѐ што е во моја моќ и во рамки на законите ќе биде преземено за вработените да добијат подобри услови за работа бидејќи ако се тие задоволни и странките ќе бидат задоволни од нивните услуги. Вработените во центрите се линкот помеѓу ранливите категории на граѓани и државата којашто треба да ги слушне нивните проблеми за потоа да дизајнира политики прилагодени на потребите на лицата во социјален ризик. Бев на состанок во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. Овде живее горд македонски народ. Жално е што нема навреда којашто Владата во заминување досега не ја искажа кон нашата земја.
Во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово На мое огромно задоволство имав чест да присуствувам на традиционалното вртење мазник со паричка во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово заедно со пратеникот Горан Манојлоски и членот на Извршниот Комитет, Александар Велјановски. Обичаите за Василица и потрагата по паричката за среќа се наша традиција со векови. Традицијата е секогаш пред сите останати работи, исто како што и Македонија е над сѐ. Народот е охрабрен и знае дека следува година на промени и обнова.
|




Рашела Мизрахи-Министер за Труд и Социјала























