Култура и туризам
Четврток, 22 Јули 2010 18:53    PDF Печати Е-пошта
Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација
macedonia-kaneo-240Tриесетминутен документарец за туристичките потенцијали и природните убавини на Македонија од септември ќе почне да се прикажува на престижниот Травел Чанел Интернешнл (Travel Channel International). Екипа на Травел Чанел од 18 јули е во земјава, работи на снимање на документарната емисија посветена на Македонија, со наслов “Еssential Маcedonia & Travel Today”.
Повеќе...
 
Среда, 07 Јули 2010 04:17    PDF Печати Е-пошта
Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден)
ivanden-240Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност празник посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој  му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот.
Повеќе...
 
Сабота, 03 Јули 2010 01:49    PDF Печати Е-пошта
Денеска е Свети Наум Охридски - Чудотворец
Свети Наум Охридски ЧудотворецАко свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.
Повеќе...
 
Сабота, 17 Април 2010 12:40    PDF Печати Е-пошта
Обединетата македонска дијаспора на Симон Трпчески ќе му врачи Награда за истакнати постигнувања
Симон ТрпческиПо повеќе месечно планирање, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) утре ќе го инаугурира својот огранок во Лос Анџелес во чест на нашиот светски познат пијанист Симон Трпчески.

На настанот, ОМД ќе го одликува Трпчески со Наградата за истакнати постигнувања на ОМД што се доделува на личности кои придонеле за развој на стопанството, уметноста, науката и други сфери значајни за Македонија и за Македонците во земјата и во странство.
Повеќе...
 
Сабота, 03 Април 2010 09:19    PDF Печати Е-пошта
Велика Сабота - ден на свештен трепет
Велика СаботаВо домовите на православните верници се прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник - Велигден.

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.
Повеќе...
 
Петок, 02 Април 2010 12:50    PDF Печати Е-пошта
Велики Петок
Исус Христос на крстНастанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу лу¬ѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликува¬ше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космичката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни пробле¬ми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскресение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.
Повеќе...
 
Петок, 02 Април 2010 02:29    PDF Печати Е-пошта
Велигден - најголем христијански празник
crveni-jajca-240Православните и католичките верници в недела го слават најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Повеќе...
 
Среда, 31 Март 2010 22:07    PDF Печати Е-пошта
Почнуваат Велигденските празнувања
Христос ВоскреснаПравославните христијани в недела го прославуваат Христовото Воскресение - Велигден, најголемиот христијански празник, празник на победатата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвитe.
Повеќе...
 
Сабота, 20 Февруари 2010 14:49    PDF Печати Е-пошта
Свети Великомаченик Теодор Тирон -Тодорова сабота
Свети Великомаченик Теодор ТиронСветиот Великомаченик Теодор Тирон живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и Светиот Великомаченик Теодор.Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва поради што бил затворен и мачен.Но и во затворот не се уплашил од смртта и пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување и бил запален на клада на 17.02.306 год. Затоа на овој ден се празнува споменот на Светиот Великомаченик Тодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден.
Повеќе...
 
Недела, 14 Февруари 2010 18:56    PDF Печати Е-пошта
Неколку илјади граѓани и гости го следат меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп
Меѓународен карневал Прочка во ПрилепМеѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп што почна синоќа со дефиле на преку 1.000 домашни и странски учесници со над 200 маски, го следат неколку илјади граѓани и гости.

На дефилето има традиционални, еколошки маски за заштита на планетата, заразени од интернетот, последици од кризата и маски на многу актуелни теми. Печат на карневалот оставаат мечкарите, маска од пред христијанството што ја нема никаде на Балканот.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.