Среда, 04 Јули 2012    PDF Печати Е-пошта
Народни носии од Брсјачка етнографска целина

Kicevo2nosija-240Брсјачката етнографска целина е во склоп на западно Македонската група на носии. Таа воедно е и најголемата етнографска група во чии што состав спаѓаат повеќе етнички предели и тоа: Прилепско поле, Битолско поле, горни Битолски села и Цапарско поле, Мариово, Железник и Кичевија, Малесија, Дебарца, Струшки Дримкол, Охридско-Струшко поле и Преспа. Сите овие предели имаат свои региони што зависат исклучиво од карактеристиките на народната носија.

Овој етнички предел граничи со Мијачката етнографска целина на северо-запад.

На север со горно Вардарската, на запад со Срумско местанската и на југ со јужно Македонската етнографска целина. Задржувањето на народната носија во овој предел како и останатите од Македонија се одвива до периодот на Втората Светска војна и колективизацијата. Се карактеризира со масивни везови на околникот од кошулата и ракавите и предниците, бели горни и црни згорни облеки, повеќе типа на покривала за глава, богато изработени скутени, повеќе видови на облеки за нозе и раце и сл.

Прилепско-Битолско поле

Некогаш овој етнички предел имал исти карактеристики и се смета дека во цел регион се носела иста носија. Во поново време носијата е поделена на носија од Прилепско и носија од Битолско поле. Носијата е составена од: кошула, шајак, прегач, грло, цепениче, даркма, појас, ракушки, тресалиња, чорапи, калци, прцле, цела, кусале, фермеле, ќурдија, ракавчиња, крпи и шамивчиња, и соодветен накит (игли, чапрази, скопци, јадици). Отстапки меѓу двата региони се прават во однос на терминологијата.

Народната носија во пределот на Прилепско-Битолското поле, голем рамничарски предел во средниот дел на Брсјачката етничка област, е позната по тоа што во минатото била една од најдекоративните, и во исто време и најтешките носии што ги носеле жените во Македонија.

Платнените долги туниковидни кошули се украсени со густо извезени мотиви во разни бои, во кои најмногу доминира црвената во сите нијанси. Богатството и разновидноста на извезените мотиви, нивната складност и прецизност, ги карактеризираат везбените украси како едни од најубавите и најдекоративните во Македонија. Платнената летна саја и зимскиот волнен бел клашеник, украсени со извезени мотиви, срма и монистра, ткаената волнена, ситно орнаментирана скутина - опрегач, усогласени по боја, начин на украсување и орнаментика, чинат една целина со останатите делови на носијата.

Зимската облека е валанка, изработена е од дебела црна клашна, украсена со карактеристични украси од гајтани, ширити и монистра. Волнени, плетени, вкусно шарени чорапи и калци (волнени чорапи без стапало), со опинци, го оформуваат обувањето на нозете. Машката носија во Прилепско - Битолското Поле ја сочинуваат бројни облеки: аба - од бела тенка волнена ткаенина, кошула од платно со везени украси, џамадан од црна клашна, појас ткаен од темно црвена волна, како и ресачка - горна облека од црна клашна, долга до колена. Специфичност на носијата од овој регион е употребата на скутина - унечка, како составен дел на машката носија.

Зимската машка носија е сета од волнена валана ткаенина шаек, порано во бела, потоа во црна, а како моден тренд, особено за помладите, во темноцрвена боја. Бројните облеки што влегуваат во составот на оваа носија - минтан, елек, џамадан, бечви - украсени со црни оптоки, се дополнуваат со разнобојниот пругасто - шарен волнен појас. На нозете се носат волнени, плетени чорапи и кожни чевли, а на главата шубара од јагнешка кожа.

Prilepsko_pole
Прилепско поле

Prilep2
Прилепско поле

Bitolsko_pole
Битолско поле

Bitolski_s_g
долни Битолски села

Горни Битолски села и Цапарско поле

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век во овој предел почнало нагло видоизменување на народната носија под политичко и економско влијание. Така се изменил визуелниот лик на носијата и таа од црвена се преобразила од т.н. АЛСКА во црна. Овој нов тип на “црна“ носија е познат како Буковска мода, кој се раширил и во полските села. Носијата е составена од: кошула, шајак, даркма, грло, појас, фута, чорапи, ракавчиња, кусале и накит.

Caparsko-rakav
Вез на ракав од невестинска кошула-Цапарско поле

Gorna.bt
Вез на гради и јака на женска носија од Горна Битола

Bitola1928
Битолска носија-сликана во 1928 година

Ilin
Автентична Битолска носија

Мариово

Мариово претставува изолиран предел со сличности и карактеристики на полските села. Во поново време носијата значајно се изменила и почнале да се носат т.н. ФУСТАНИ од волнени ткаенини. Носијата е составена од: кошула, сагија, прегач, грло, појас, чорапи, тулбен, орбус, префрлач, калци, шамија, коцел, нетоп, подкоцелник и накит.

519px-Mariovska_nosija_-_BT_Muzej
Мариовска народна носија

Mariovska1
Составни делови на носијата

Mariovska3
украси на носијата

Железник и Кичевија со Дебарца

Помеѓу овие региони се согледуваат мали разлики па затоа се обработуваат како едно исто. Носијата е составена од: кошула, клашеник, скутина, грлинка, чорапи, појас, ќурдија, калци сокај, тулбен, урбус, гајтан и накит.

Nosija-kicevo
Кичевска народна носија

Kicevo2nosija
Кичевска народна носија

Малесија

Женската носија од Малесија обилува со бројни облеки, украсени на поинаков начин од соседните предели. Облеките од невестинската носија наречени се големи, како и тие за првиот ден по свадбата кога невестата првпат оди на вода, означени се како помали. Воедно тие се најукрасените и најдекоративните - кошула голема - срамачка, везена на ракавите, елек - антерија, украсен со седефки, клашеник со срмени украси и џубе со гајтани. Сите овие облеки поврзани во една целина ја оформуваат носијата од пределот Малесија со посебни етнички карактеристики и естетски белези.

Посебно обележје на облеката е белото џубе, каде што доминантна е белата боја во клашнениот материјал од кој е направена, а и во гајтаните со кои е украсена. Оваа белина на облеката џубе има намена на траурен белег, а во носијата на изолираниот планински предел Малесија се јавува како остаток од зачувана трага на старословенскиот обичај, кога жалоста се одбележувала со носење на облека во бела боја.

Lokov
Кичевска народна носија

Malesija
Машка носија од Малесија

Охридско-Струшко поле

Носијата е составена од: кошула, клашеник, поманики, појас, скутник, џуница, џубе, кусак, чорапи, сокај, гајтан, марама, сокајници и накит .

Ohridsko
Охридска народна носија

Ohridska_nosnja
Охридска народна носија

Преспа

Носијата е составена од: кошула, грлинка, поманики, џуба, појас, џуница, елек, шегин, скутина, ресачка, кусаче, дулбен, забратки, чорапи, сокај и накит.

Gorna_prespa
Народна носија од горна Преспа

Prespa_-_Copy
Преспанска народна носија

Струшки Дримкол

Носијата е составена од: кошула, забун, грлка, елек, џубе, појас, чорапи, скутник, сокај, поманики, препашка, гајтан, марама и накит.

Народните носии од Струшки Дримкол биле носени во 16 села од овој регион. Машката носија е составена од бели клашнени облеки, украсени со црни гајтани, (бечви, џамадан), а младоженската носија, наречена зетоска, се дополнува со клашнена бела долама, долга до колена, тесна во горниот дел и широка, со многу набори, во долниот дел. Составен дел на носијата, исто така е богатиот карактеристичен машки накит - ќустек, со саат и старовремски пиштол.

За носијата на жените од Струшки Дримкол се карактеристични повеќе бели клашнени облеки, кои се разликуваат по возраст и намена (клашеник - со украси од чоја за невести, џубе - со црвени и бели оптоки за повозрасни жени, ресачка - со волнени рески од внатрешната страна, за зимскиот период). Овие клашнени облеки се носат преку долгата платнена кошула, украсена со волнен, или постарите со копринен вез, со ситна и префинета релјефна орнаментика, а се опашуваат со многу долг црн плетен волнен појас, а врз него ткаена декоративна препашка, џуница и пругасто шарена скутина бофча, со богати поткити од волнени и чојани реснати украси.

Во носијата на невестите во минатото била карактеристична везената невестинска покривка за глава, наречена сокај, масовно употребувана до крајот на XIX век. Сокајот, како еден од најдекоративните елементи од женската носија, со врвни естетски вредности, изразени преку везената орнаментика, укажува на дамнешни културно - историски врски и може да се поврзе со некои истоветни делови на народите од Поволжјето. По својата форма на високо издигната ќулафка дава можности за претпоставка за врската со далечни траги од некогашните еднороги шапки, кои потсетуваат на старите фригиски капи. Невестинската покривка за глава е марама од бело платно, украсена со разнобојни геометриски мотиви и густи волнени реснати поткити. На нозете се носат волнени плетени, ситно орнаментирани - чорапи и кожни чевли.

Во носијата од Струшки Дримкол е застапен разновиден накит (киска, тантурици, мангура, чапрази), во кои металот е дополнет со корални украси.

Денес женската носија од овој предел се` уште се одржува, но, ограничена е на одредени обредни и свечени функции, со значително изменета и редуцирана содржина - изоставени везбени украси, изменет начин на украсување, и некои клашнени облеки.
 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.