Среда, 16 Ноември 2011    PDF Печати Е-пошта
Преспанското Езеро
Кога сакаме да зборуваме за Прспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел.

prespansko-ezero

Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија.

Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год..

Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350 km²  припаѓа на:

  • Република Македонија дел со површина од 761,6 km², или 56,42 %
  • Република Грција дел со површина од 321,6 km²,или 23,82%
  • Република Албанија дел со површина од 266,8 km²,или 19,76%

Географската положба, надморската височина, високите рамковни планини, присуството на природно акумулираната вода во езерото и др., ја прави климата во котлината специфична.

Северниот дел на котлината има континентална клима со поладни зими, а јужниот е под влијание на продорот на медитеранската клима со поблаги зими. Езерото е катализатор на климата во котлината.

Во Големото Преспанско езеро има два острови: Голем град или Св. Петар и Мал град.

Островот Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот Голем град е долг 750 м, а широк 450 м, со највисок дел  50 м над езерото. Островот Голем град е ненаселен.

Островот Св. Павле е помал - долг е 300 м, а широк 150м со 25-30 м највисок дел на езерото.

Спрема локалитетите на своето опстојување и развој флората и фауната во Преспанската Котлина , можеме да ги поделиме на : езерска ,крајбрежна, блатна, котлинска до 1000мнв, планинска и високо планинска.

Фауната на Преспанското Езеро е помалку истражена во однос на Охридското Езеро Меѓутоа утврдено е дека е типично олиготрофна со доста голем број на реликтни и ендемични организми. Посиромашно е со риби од Охридското Езеро. Најзастапена е белвицата-нивичка, бела слатка риба најдолга до 10-15 см. Најмногу ја има во длабоките и чисти води во атарот на с.Нивици, по кое го добила името нивичка. Посолена,нанижана во низи и сушена на сонце, на пазарот ја има под името циронка.

Крапот е најквалитетната и репрезентативна риба во Преспанското Езеро. На жалост, во 1974 год. со употрeба на погрешен пестицид за авионско прскање од комарци, крапот во големи количини беше затруен.Подолго време се регенерираше, го немаше во поголеми бројни количини и поединечни големини. Со прекинот на водотечната врска помеѓу Малото и Големото ПЕ прекинато беше и движењето на рибите помеѓу Малото и Големото ПЕ.Грците го порибуваа Малото ПЕ со други не домицилни видови риби. И Албанците вршеле порибување на Големото ПЕ со риби. Во деведесеттите години од минатиот век се појавија мали сомови и аквариумски караси со големина до 10 см. Рибарите, поради разните и убави бои ги нарекоа телевизори. Ги имаше во поголеми количини. Поради оштрите,тврди и назабени перки ,многу беше тешко и болно нивното вадење од мрежите.Рибарското стопанство од сир Хан во Р. Македонија во рибникот во с.Езерени одгледуваше израелски крап.Тој се насели и во атарот на Големото ПЕ. Средината му погодуваше и напредуваше добро. Присутен е и сега , ама неговиот квалитет значително заостанува зад домашниот преспански крап.

Следна риба по квалитет и застапеност е скобустот, бојник-от. Тој е квалитетна бела ,слатководна риба ,најслатка за конзумирање уловена до пред мрестот, во месец март и април. После мрестот во мај до крајот на септември се повлекува и не е со таков квалитет како во пролет. Најзастапена и секогаш присутна риба е плотицата (црвеноперка, писа). Таа е слатка бела риба, попогодна за конзумирање до пред мрестот во пролет. Има повеќе ситни коски, па недоволно вештите за чистење на коските конзуматори ја избегнуваат.

Мренката е малку застапена, ама овде е квалитетна , со малку коски и многу вкусно и слатко месо.

Кленот е најмалку застапен. Се јавува во големина и до 1,0 -1,5 кгр. Неговото месо е со бела сивкаста боја и киселкаст вкус. Рибарите го класифицираат како риба со најслаб квалитет.

Јагулата беше и се’ уште е присутна риба. Додека беа во употреба коците-далјаните почесто беше уловувана. Во мрежите ноќници реткост е и тешко да се улови, затоа што телото и’ е мазно и лизгаво-лигаво. Доколку се закачи со забите, многу лесно го сече конецот и се ослободува. Беше уловувана во големина до 1,2 метри и тежина 3-5 кгр. До изградбата на браните за ХЕЦ Глобочица и Шпилје, доаѓаше од Саргаско Море во Охридското Езеро, а од таму низ подземниот истек и во Преспанското Големо Езеро.

Легенда за настанокот на езерото

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, неосетно му се приближувала убвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината... Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице ... Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро ... Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат - едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица... Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.
 

На прво место

News image

Кичево е симболот на заедништвото

Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ во 54 општини и градот Скопје, Кичево е симболот на заедништвото ...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ОСВЕТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО АВСТРЛАЛИЈА ОД СВЕШТЕНИКОТ МИХАИЛ ГОГОВ ДЕЛ I (8)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.