Среда, 02 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ЕРУСАЛИМ – ДРЕВНИОТ ГРАД НА МИРОТ, ДО МЕТАЛОТ ЖЕЛЕЗО (13)

1er

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините... кои се во „Библискиот речник“: од Ерусалим - градот на мирот; древен град со голема политичка моќ и со природно добра положба, до металот железо од кои биле изработени украсните предмети и амајлиите

Ерусалим - град на мирот; древен град со голема политичка моќ, со природно добра положба, меѓу ридовите на надморска висина од 770 м. Бил освоен од Давид, кој го назначил за главен град на Обединетото царство. Таму Соломон го изградил првиот храм. Градот станал свет за Евреите (Пс 122,3-7). Во 586 г.пр.И.Х. градот и храмот биле разурнати од Навуходоносор, а подоцна биле обновени под водство на Ездра и Неемија, по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Римјаните го освоиле Ерусалим во 63 г.пр.И.Х., а го разурнале во 70 г. Христос го посетувал Ерусалим за време на верските празници, како што правеле и сите Евреи. НЗ учи дека во него Господ бил распнат во месноста Голгота и воскреснал по три дни. Оттаму се вознесол на небото и на денот на Педесетницата го пратил Светиот Дух (роденденот на Црквата, (Дап 2)). Во 637 г. муслиманите го освоиле градот и во него останале до 1948 г, кога е создадена современата држава Израел. До 1966 г. бил поделен меѓу Израел и Јордан, а оттогаш потполно му припаднал на Израел. Ерусалим е свет град и на третата религија, на муслиманите, откако во него е подигната Омаровата џамија. Ерусалим е праслика на небесниот Ерусалим, опишан во апокалиптичните книги. 

Есени - малубројна и во значителна мерка исклучива секта. Броела најмногу до неколку илјади припадници. Настанале во 2 в.пр. И.Х. како протестно движење против античкото грчко влијание на еврејската религија. против корумпираните Цареви и непридржувањето на Евреите до Законот. Во тој поглед биле по строги од фарисеите. Живееле одвоени од општеството, организирани во заедници, Се смета дека познатата Кумранска заедница, која ги напишала свитоците од Мртвото Море, припаѓала на есените, Како заедница не се спомнува во НЗ, иако некои сметаат дека Јован Крстител поминал извесно време во пустината како нивни чпен.

Естир (Естира) - главна личност во книгата на Естира, напишана меѓу 300 и 125 г.пр.И.Х. Во неа е опишана епизода од животот на Евреите кои не се вратиле од вавилонското ропство.

Естира – додатоци краток девтероканонски запис, содржи додатоци на Книгата за Естира, кои се однесуваат на разликите меѓу оригиналната и античката грчка верзија на текстот.

Етам - 1) место во Јудеја, 10 км југозападно од Ерусалим; 2) пештера во која се криел Самсон од Филистејците (Суд 1,15,8); 3) боравиште на Израелците во Суецката пустииа (2 Мој 13,20).

Етиопија - древно и денешно име на земјата што се граничи со Египет и Црвеното Море (1 Мој 2,13), Според некои енциклопедии, древниот назив се однесува на денешен Судан, а не на денешна Етиопија. Во многу преводи на СЗ се нарекува Куш.

2er

Еуфрат - мошно широка река; најдолга река во југозападна Азија (2700 км). Извира во Турција и била природна граница меѓу егилетското и вавилонското царство. Вавилон бил изграден на Еуфрат и бил една од најраните цивилизации што настанале на неговите брегови (2 Цар 8,3). Во СЗ често се нарекува река или големата река.

Ефа - 1) еврејска мерка; в. Мерки; 2) Мидјанско племе чиј оснивач се спомнува во 1 Мој 25,4, како внук на Аврам.

Ефата - збор со кој Исус му се обраќа на глувонемиот човек (Мк 7:34). Веројатно е арамејски поим со значење, отвори се.

Ефес- главен град на провинцијата Азија и важен трговски центар на Мала Азија. Во него апос-толот Павле живеел и работел скоро три години, па Ефес станал христијански центар. Павле престојувал во него и на своите две мисионерски патувања, се додека не морал да бега од побуната на златарот Димитриј, кој бил предводник на изработувачите на идолски предмети (Дап 19,23-40). Имено, во Ефес бил изграден величествен храм на Афродита, божицата на плодноста, кој се сметаза едно од седумте светски чуда. Денешен Селџук.

Ефод - наградник; според 2 Мој 28,4-14 повеќебоен, волнен или ленен и со злато проткаен дел на облеката на првосвештеникот. Бил изработен слоред строги прописи, а се носел над горната облекат на градите,украсен со скапоцени камења. Во едниот раб на ефодот се наоѓале камењата за пророкување, Урим и Тумим. Ленен ефод во вид на престилка носеле обичните свештеници (1 Цар 22,18), таков ефод носеле младиот Самуил за време на службата во Силом (1 Цар2,18) и Давид кога играл пред Ковчегот на Заветот (2 Цар6,14). И судијата Гедеон имал наградник во градот Офра (Суд 8,27), како и Михеј во своето светилиште (Суд 17,5). Во некои случаи, ефод се претпоставува дека означува некој лик или идол (Суд8,27; 17,5) или првдмет за претскажување (1 Цар 23,9-12; 30,7-8).

Ефрем - име на средниот дел на ридестото подрачје на западната страна на Јордан; им припаднал на тамошните израелски племиња и нивниот прататко Ефрем. Племето имало пообилен благослов од Јаков, во однос на соседното племе на Манасија (1 Мој 48,13). Ова племе се борело против превласта на Јудиното племе, а после расцепот на царството добило водечка улога во Северното израелско царство. 

3erЕфрем - двојна плодност, 1) син на Јосиф, роден во Египет, го посвоил неговиот дедо Јаков заедно со Манасија (2 Мој 48). Родоначелник е на едно од дванаесетте израелски племиња, кое добило дел од најдобрата земја во Ханаан; 2) град северно од Еру-салим, близу до Ерихонската пус-тина. Се спомнува во НЗ (Јв 11,54).

Ефрон -1) човекот од кој Аврам ја купил Макпела, за да ја погребе во неа својата жена Сара (1 Мој 23,8,9); 2) ридеста област на границата на Јудиното племе (ИН 15:9); 3) град североисточно од Ветил.

Ефтај - нека ослободи Јахве, еден од најголемите израелски судии. Како благодарност на Бог за добиената битка, се заветувал дека ќе принесе како жртва за благодарност се’ што ќе види на патот до дома. Но ја видел својата ќерка единица и Ефтај го одложил заветот. Неговата смрт секоја година се оплакувала по четири дена (Суд 10,17-12,7).

Ехелат - суша, рид во Јудејската пустина, каде Давид се криел, бегајќи од царот Саул (1 Цар 23:19). Се наоѓа близу до Ен-Геди.

Ехуд - судија кој ги избавил Израелците од Моавците со убиството на нивниот цар Еглон (СудЗ,15-4,1).

Жалост - неволја или мака, понекогаш се сфаќа како казна (Ис 8,22). Во случај на жалост поблизок починат, кај Евреите и кај другите источни народи се искажувала на најразлични начини: со чукање по градите (Наум 2,7), со корнење на косата и брадата (Ездра 9,3), со посипување на главите со пепел (3 Цар 4,12), со раскинување на облеката (1 Мој 37,29); со повредување на лицето и телото (Ер 16,6), со постење (4 Цар 12,16), со покривање на главата и одење боси (2 Цар 15,30), со бричење на главата и брадата (Ис 15,2), со врзување на кострет околу телото (3 Цар 21,27). За време на длабока жалост лежеле на земјата и седеле во пепел (2 Цар 12,16; Јов 2,8). Додека плачеле се пееле песни тажачки (Ер 9,17; 2 Лт 35,25). Жалоста траела седум дена, а понекогаш и подолго.

Жед - едно од основните секојдневни човечки искуства {2 Цар 17,29), кое се користи за споредба со потребата и барањето на Бог. Бог се грижи за луѓето, кога Агара била жедна во пустината, Тој ја сочувал (1 Мој 21,15-19); како и Самсон да не малакса од жед (Суд 15,18). На целиот Свој народ му дал вода во пустината (2 Мој 17,5-7), Народот се предупредува да се пази од глад и жед (Нем 9,15-20). Во време на неволја било допуштено да се земе класје или грозје од туѓа нива (5 Мој 23,25; Мт 12,1). Да се задоволат нечија глад и жед се дело на милосрдие (Ис 21,14.17; 587.10; Ез 18, 7, 16). Во СЗ се спомнува незадоволива глад и жед кон Божјото слово (Ам 8,11,13). Времето на спасение е време без глад и жед (Ис 41,17;49,10). И во НЗ жедта се поврзува со гладот и нивното задоволување кое е дело на милосрдие (Мт25,35;37). Христос е извор на жива вода (Јв 4,10-15; 7,37). Времето на спасение ќе дојде кога ќе ги снема гладот и жедта (Откр 7,16; 21,6; 22,17).

Железо - метал, до 1200 г. пр. И.Х. употребните предмети во Ханаан биле сеуште од бронза (пр. ,,железната кола" спомената во Суд 1,19), а само украсните предмети и амајлиите биле изработени од железо. Израелците научиле како се кова железото дури во Ханаан, од Филистејците (спореди со1 Цар13,19-22). Но во богослужењето уште долго време останало забрането за употреба (ИН 8,31). Според 1 Лт 29,7 и железото се сметало за принос во храмот. Морало да се увезува (Ер 15,12; Ез 27,12). 

Продолжува   

Пишуваат:

4erПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

5erСЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.