Среда, 29 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Борче Наумовски – функционер, културолог и публицист (5)

borcen1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ 

Борче (Борислав) Наумовски е познат во македонската културна и поширока јавност по низа раководни функции во областа на културата во Република Македониа. Меѓу другото, тој беше член на Извршниот совет на град Скопје, одговорен за образованието, науката и културата, секретар на Републичката самоуправна интересна заедница за култура, директор на Државниот архив и министер за култура на Република Македонија.

Објавил повеќе публицистички трудови од областа на културата, политичкиот систем и политичката патологија. Автор е на книгите: „Писателите за Тито“ (1983), „Забранети игри“ (1984), „Во канџите на злосторот“ (1985), „Невидливи замки“ (1986), „Општествената  положна на културата“ (1986), “Искушенија на македонската транзиција“ (1997), „Креатори на стопанската преобразба“ (1998), „Македонски иселенички портрет“ (2004) и на монографијата „Катин“ (2004), како и на голем број авторски единици од наведените области, објавени во дневниот и периодичниот печат, од иселеништвото и од други области.

Носител е на бројни награди и признанија за својот придонес во сверите  на културата, науката, образованието и јавниот живот на Република Македонија.

Борислав (Борче, како сите блиски го викаа) Наумовски беше познат и признат на македонската културна и општествена јавност по низа раководни фукции во областа на културата  во Република  Македонија, од кои позначајни беа: Член на  Извршниот  совет на  Град Скопје, одговорен за  образование, наука и култура; Секретар на Републичката самоуправна интересна заедница за култура; директор на Државниот архив на Македонија и Министер  за  култура, а последно до изборите 2011 беше член на Советот на Општина Центар.

Борче Наумопвски беше роден на на 3 март 1935 година во Битола, градот на конзулите, но неговите корени по мајкаму Спаса беа од село Чаниште, Мариово, а по таткому Спасе беа од село Брезово, Демир Хисар, кое се наоѓа на патот момеѓу селата Доленци и Зашле, оддалечено десеттина километри од магистралниот пат Кичево - Демир Хисар.

borcen2

Меѓутоа, родителите на Борче се преселиле во Битола, каде тој е роден и каде го добил своето основно и средно образование. Тоа е градот за кој тој постојано зборуваше и се гордееше дека е роден токму таму, во Битола, центарот на Евреите во Македонија. Инаку, Битола е најголем градски центар во Пелагониската Котлина што се протега во југозападниот дел на Македонија.

Пелагониската Котлина припаѓа на Република Македонија, а еден нејзин дел припаѓа на Егејска Македонија што е во состав на соседна Грција. Пелагониската Котлина, иако е заградена со планини, сообраќајно е мошне добро поврзана со соседните и подалечните области.

Градот Битола е расположен на двете страни на реката Драгор, на надморска височина од околу 600 метри. Теренот на кој лежи градот е наведнат од запад кон исток, кон котлинското дно. Ваквата местоположба условува пријатна клима во текот на пролетните, летните и есенските месеци, додека, пак, зимите се студени и честопати градот е завиткан со магла и сињак.

Во близина на Битола се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, основан во IV век пред нашата ера од Филип II, владетелот на Античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја преплетена со просперитети и разурнувања, но со навлегувањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја.

Првпат името Битола се споменува во една повелба на цар Самуил од 1014 година под името „обител“ - старословенски збор што означува манастирски стан, семејство. Така, просветителската дејност на свети Климент Охридски била почувствувана и во Битола и Битолско. Во градот со голем број христијански храмови - цркви и манастири (обители) свети Климент имал свои ученици и се развивала Битолската препишувачка школа.

Ако Битола беше градот на младоста за Борче Наумовски, тогаш Скопје беше негов град на иднината. Во главниот град на Република Македонија, Наумовски ги постигна сите животни и творечки врвови.

Така во Скопје, меѓу другите функции Борче Наумовски беше секретар на Републичката самоуправна интересна заедница за култура на Република Македонија, од кога започна другарувањето со авторот на овие редови. На таа функција Наумовски поддржа  бројни активности во областа на културата што се реализираа во Македонија. Тој беше поборник за афирмација на културните вредности на Македонија и македонскиот народ, затоа како државен функционер се трудеше македонската култура да стане дел од културата на македонскиот народ и таа да се афирмира и претстави надвор од границите на Македонија.

Исто така, Борче Наумовски беше член на Извршниот совет на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија, во својство на министер за култура. Тоа беше последниот Извршен совет формиран на 28 април 1986 година во поранешниот систем. По воведувањето на политичкиот плурализам и првите повеќепартиски избори, на 20 март 1991 година на местото на овој Извршен совет е избрана првата посткомунистичка влада во Република Македонија.

Во новите услови на државата во 1990 година Борче Наумовски беше именуван за директор на Историскиот архив на Република Македонија, каде остана две години на таа функција.

Инаку, Државниот архив на Република Македонија е формиран кус период по завршувањето на Втората светска војна, односно тој е формиран во 1951 година. Од 1926 до 1941 година Архивот е во склоп на Државниот архив на Србија во Белград. Меѓутоа, власта на Народна Република Македонија  во 1949 година го создава Историскиот архив чија задача била да го собира и обработува архивскиот и мемоарскиот материјал поврзан со работничкото движење. Собраните материјали кои биле чувани од овој Архив денес се во депоата на Архивот на Македонија.

Со донесувањето на општиот Закон за државните архиви во Југославија во 1950 година на 6 јануари 1951 година Народното собрание на Народна Република Македонија  го усвојува Законот за државните архиви со кој е поставен темелот за создавањето на Архивот на Македонија (тогашен Државен архив на НР Македонија), во кој денес авторот на овие редови има своја фондација под име „Катин“.

Борче Наумовски во текот на неговиот мандат во Архивот, меѓу другото, ги збогати регионалните архиви чија цел е поинтензивно да се собира, чува, заштитува и обработува архивскиот материјал кој се создавал во институциите на новата држава, но и со цел потемелно да се зафатат со собирање и заштита на архивскиот материјал што ќе послужи за проучување на историјата на македонскиот народ, како и да се воспостават добри односи со архивите на Балканот и особено со Турција.

Борче Наумовски и авторот на овие редови, Славе Катин, беа долгогодишни другари и соработници во областа на културата, новинарството и публицистиката. Така, тој е автор на делото „Македонски иселенички портрет“, во издание на „Македонска искра“ (2004), за кое дело ќе напише; „Во еден подолг период Славе Катин го свртува вниманието на себе со својата динамична информативна и публицистичка дејност поврзана со иселеничкиот корпус поради што е централна фигура во односите меѓу црквата и државата, од една, и односите на државата, црквата и дијаспората, од друга страна. Ваквата негова позиција му овозможи номинација во разни друштва, здруженија и организации во Републиката и пошироко, а врз основа на тоа и учество на бројни симпозиуми, трибини и семинари во земјата и странство.

На барање од нивните организатори кои ги ценат и почитуваат неговите погледи по низа прашања од сферите во кои дејствуваат, Катин оствари исклучително богата и динамична комуникација со бројни субјекти во државата и светот. Тоа му овозможи да навлезе во суштината на проблемите со кои беа преокупирани Македонците во дијаспората, но и државните структури во земјата, кои во разни периоди имаа различни погледи кон иселеништвото, што е и причина за отсуството на една подолгорочна и конзистентна државна стратегија кон нив“.

porcen3  borcen4

Во монографијата „Катин“ (2004), пак,  чиј автор е Наумовски ќе биде забележано дека целта на книгата е да го сублимира придонесот на Славе Катин за Македонија и Македонците во дијаспората и на своите родители да им се оддолжи за талентот што му го подариле да го направи тоа, како вистински Македонец, преокупиран со судбината на својот народ и неговата иселеничка голгота.

Исто така, Наумовски ја истакнува историската димензија на националниот проект поврзан со иселеништвото, кој Катин објективно го афирмира во уникатен лидер на едно светско семакедонско движење за промоција на Македонија, не само како колевка на една стара цивилизација, туку и како држава која придонесува развиениот свет сé повеќе да ја чувствува и во сопствениот развој.

Во сите публицистички дела Борче Наумовски е поборник за афирмација на културните, политичките, економските и други вредности на македонскиот народ во државата и насекаде во светот, како и на Македонија како независна држава. Така, во книгата „Креатори на стопанската преобразба“(1998), дело на „Македонска искра“, тој вели дека книгата е посветена на сите стопанственици кои во најтешката фаза на транзицијата низ која минуваше Македонија од нејзиното осамостојување, со своето искуство, знаење и способност, дадоа и даваат оптимален придонес за консолидација и ревитализација на стопанските текови и за вклучување во процесите на пазарната економија, а со тоа и во демократските процеси на државата. Исто така, тој вели дека од осамостојувањето на Македонија, стопанството минува низ својата најтешка фаза, во која дојде до радикално нарушување на  стопанските текови и до растројство во вкупната општествена структура на Република Македонија.

По тешко боледување Борислав (Борче) Наумовски почина на 12 октомври 2011 година во Скопје, каде се наоѓа неговиот вечен дом. 

Продолжува

 G6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19, ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19,  ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (51)

Мане Јаковлевски има голем број пријатели како од Македонија така и во другите земји. Еден од „стр...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (37)

ЕРУСАЛИМ И ОХРИД - ГРАДОВИ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (15)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ V)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.