|  Манојил (Мане) Јаковлески
На Македонија и` е потребна македонската дијаспората и Македонци, кои ја сакаат државата!
|
|
|  Македонска нација
Името Македонија има голема историска вредност и вековна традиција. Иако поради неговата величина со векови било оспорувано, тоа опстанало заради својот народ кој никогаш не се откажал од македонското име. Но тоа не биле Грците, туку Македонците. Тие верни синови на Македонија се бореле по горите и планините на својата замја и ги испишале страниците на македонската историја. Така името Македонија забележано во Библијата ги надживеа старите империи Римската, Византиската, Отоманската, а ќе ги надживее и новите империи (САД, ЕУ).
|
|
|  Александар Џеповски
Протестите на Македонската дијаспора се од највитално и историски гледано во најважните судбоносни моменти на Македонија.
Без финансиската инекција од преку 2,5 милијарди евра годишно, економијата и стабилноста на националната валута не може да се замисли и опстане повеќе од 6 месеци.
|
|
|  Гордана Димовска
Не постои место во светот каде не живее Македонец, па многу јасно е да се виорат македонски знамиња и кога сакаат да го искажат својот револт за одредени ситуации, кризи, неправди во Македонија, земјата во која се родиле но и земјата за која им зборуваат на своите деца.
|
|
| Среда, 07 Март 2018 03:04 |
|
| МАКЕДОНСКИ КОД
|
|  Каролина Ристеска Торонто, Март 1, 2018 то Лето Господово
На мое големо задоволство, се надевам и ваше, на читателите, ќе биде моето пишување за овој несекојдневен предизвик: МАКЕДОНСКИ КОД - од корените на античка Македонија и развојот на писмото, ГЛАГОЛИЦАТА од која се описменуваше Балканот, Европа и Азија. Уште на самиот почеток ќе забележам според моите сознанија еден важен факт, а тоа е дека нашите Македонци биле писмени и цивилизирани луѓе уште далеку пред создавањето на глаголицата и кирилицата, а не како што тоа го прикажуваат некои наши и странски истражувачи. Тргнувајќи од направените фалсификати во самата Библија околу прикажувањето на нашиот јужен сосед како древна земја која ја нема ама баш никој запишано нити кажано од пророците и апостолите дојдов до заклучок дека коине јазикот е искористен за врвна манипулација над Македонците и Македонија со римското (Ватикан) , а подоцна и со т.н. византиско-македонско владеење.
|
|
|  Свекрва
По повод одбележувањето на 105-годишнината од ослободувањето на градот Јанина од османлиското владеење, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој присуствуваше на церемонијата, упати заканувачки пораки до Македонија. Тој качен на тенк ќе рече дека: „Ние Грците ... знаеме како да се браниме кога е потребно и против сите… Грција е мирна сила која ги почитува своите пријатели, но никогаш не се плашеше од своите непријатели, а нејзините вооружени сили се во позиција да го докажат тоа во секое време“, Упатувајќи ги заканите кон Македонија, Павлопулос вели: „Името што сакаат да го користат и кое е и во нивниот Устав е име што брутално ја фалсификува историјата и поради тоа зрачи со ирационалност, не е во согласност со меѓународното право, со Повелбата на НАТО и со европското законодавство“,
|
|
|  Александар Џеповски
Коѕиас бара да немаме име А и Б, не барем пукнавме од радост да имаме.
Ципрас и Грците ни наметнуваат ЕРГА ОМНЕС а воедно Уставот да сме го смениле.
Но дали е тоа се, кога бараат идентитет, јазик, лични карти, пасоши и кој знае уште колку стотици други услуги и корекции ќе побараат, дури ни Господ не знае.
|
|
| Среда, 28 Февруари 2018 03:02 |
|
| ВЕЧНАЈА ПАМЈАТ МАКЕДОНЦИ!
|
| 
Протоереј Љупче Петрески
Се видов себеси ...
Меѓу гробови, и мршојадци неколку горе како кружат, чиниш мрша намирисале или виделе, која
треба да се раскине, па силата да си ја зголемат, како малку да им е, а чинам и други крвожедни зверки сакаа да настрват. Од помислата морници по снагата ме полазија. Осамено се почувствував, небаре сираче невино на немилоста на зверовите крвожедни оставено.
Се видов себеси ...
|
|
| Среда, 21 Февруари 2018 03:08 |
|
| Заев на колена пред Ципрас
|
| Според лиферуваните информации во електронските и печатените медиуми, поголем броj на македонски аналитичари се претпоставува дека се работи за три клучни прашања во спорот за името, и тоа: Идентитетот, јазикот и Уставот, додека Грчкиот политички естаблишмент настапил со 7 прашања во решавањето на спорот за името: Името, употребата на самото име, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.
|
|
|  Свекрва
Во почетокот на 19 век кога се создаваат балканските држави и нации, ниту еден друг народ, освен населението на територијата на Македонија, не претендирал ниту го зел македонското име. Соседите не го направиле ни по Балканските војни кога по војната со Турција анектираа делови од територијата на Македонија, ниту пак по Букурешкиот мировен договор од 1913 година, како пак ни по Првата светска војна кога конечно беше санкционирано распарчувањето на територијата на Македонија.
|
|
|
|