Среда, 12 Јуни 2019   
За функционален правен систем – Ревизија на судските пресуди од изминативе неколку години
За функционален правен систем – Ревизија на судските пресуди од изминативе неколку години

Пишува: Светислав Васев

За функционален правен систем – Ревизија на судските пресуди од изминативе неколку години

Македонија веќе одамна не е правна држава. Системот е дерогиран. Закони има, нивната суштина е европска, но институциите кои треба да ги применуваат се трули. И се некако се вртиме во круг цели 28 години. Невини често завршуваат во затвор, а криминалците се на слобода.

Но да почнам од почеток. Македонија како држава аспирант за членство во ЕУ и потписничка на многу мултилатерални конвенции има законодавство кое на хартија е перфектно, во склад со законодавствата на цивилизираниот свет. Го гледаш законот, читаш, чиниш живееш во Швајцарија, ја креваш глава погледнуваш на околу и ја гледаш суровата реалност, сепак си во Македонија во времето на СДСМ.

Законите тука, иако добро напишани, се применуваат селективно, ако останал по некој закон не усогласен со европските практики тој има по некоја ,,дупка” па таа ,,дупка” се користи да се шиканира политичкиот противник. И така во круг.

Главниот проблем е кај тие кои го применуваат законот. Во државата веќе имаме преовладувачко мислење дека судството е политизирано, а како да нема, кога имаме за премиер имаме човек кој цела држава го слушаше и виде како бара мито по принципот ,,едно евро за Вицето, едно евро за црквата” а тој наместо пред институциите на прогонот се наоѓа во владата!? Е ова драги мои е политизираност, и тоа е почетокот, имаме и селективност, таа е тука кога некој близок од власта треба да се поштеди, а друг затвори.

Случајот 27 април е класичен пример за селективност. Додека едни се амнестирани, а всушност се директни причинители на делото влез во Собрание, други се во затвор, иако направиле се што можеле да го спречат хаосот. Ваквата неправда се сведува до секој човек, до секоја клетка во општеството. Неправдата е присутна насекаде околу нас!

Ваквиот правен систем во кој буквално не се знае кој пие кој плаќа, креира конфузија и страв кај граѓаните и фирмите, ја тишти економијата и ги депримира луѓето. Пред било што друго да направиме мораме да воспоставиме ефективен и ефикасен правен систем, ослободен од стегите на политиката. Систем кој ќе биде гарант за секој граѓанин.

Заклучокот веќе се влече. Проблемот е во луѓето кои го составуваат системот. Токму затоа потребна е ревизија на сите судски постапки во изминативе неколку години, процес кој може да се изведе врз основа на закон, кој ќе биде предводен од врвни експерти, како од државата, така од странство; генерален реизбор на судии и обвинители; поголема правна заштита за судиите и обвинителите, како и зголемување на нивните примања со цел нивна некоруптивност и зголемување на мотивацијата.

Само луѓе со кредибилитет можат да направат промени. Законот мора да се почитува и применува, така како што е напишан. Не селективно, не шиканирачки. Правото е за во судниците, не за поличките кулоари.

https://lider.com.mk/makedonija/za-funkcionalen-praven-sistem-revizija-na-sudskite-presudi-od-izminative-nekolku-godini/

 

На прво место

News image

Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа

Крајот на Заев и СДСМ е се поочигледен Владата на СДСМ за овие три години се што вети излажа.

Историја

News image

Унијата со Римокатоличката црква треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија

Унијата со Римокатоличката црква треба да биде средство за обнова на Охридската архиепископија

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ ОД РЕСЕН – РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ (9)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (34)

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.