Актуелно
Вторник, 18 Февруари 2020 10:02    PDF Печати Е-пошта
Зошто власта протестира против себе? Звучи лудо, нели?

Зошто власта протестира против себе? Звучи лудо, нели?

 

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

 

Токму таму кај што е најслаб, го советувале да покаже дека е силен противник, за да створи забуна и да намали штета по себе и по рејтингот на СДСМ. Оваа патека на СДСМ оди по логиката која, за жал, еднаш му успеа, која е: држете го крадецот.

Но нашиот мудар народ низ вековите рекол дека: најсилно вика држете го крадецот, оној кој е најголем крадец. Наместо правна држава, тој и неговата Влада, предизвикаа комплетен распад на правната држава. Распад на СЈО, партизација на ЈО и бламажа на судството. Факт констатиран од целокупната јавност. А министерката стооо...

Зошто е тоа така? Што се случуваше во минатите три години?

Затоа што СЈО, ЈО и судството, посебно судовите низ Скопје, се претворија во локални штабчиња на СДСМ, каде што не само политички, туку се тераа и огромни стопански предмети (тие секогаш беа скриени зад прашината што се креваше од некои медиуми за политичките предмети)...

Политичките предмети служеа за уцени, „вразумување", притисок и остварување на политичка корист. На пример, последното гласање ЗА на Законот за ЈО во Собрание беше со најмалку 13 пратеници (3 од ДУИ, 3 од СДСМ... и од скоро сите пратенички групи) под директен притисок од отворени, затворени или сеуште „тајни" постапки за нив лично или за нивни блиски луѓе.

Значи, за опозицијата бламажа пред јавност, а за своите непослушни и за коалициски партнери притисок и уцени со предистражни и истражни постапки подготвени од локалните штабчиња на СДСМ.

Стопанските предмети (Те-То, Поштенска Банка, Империја, Фени...) станаа тема на јавен интерес како последица на интересот на странските дипломати. Тие се дури и поопасни. Со нив или се лажираше стечај, или се рекетираа бизнисмени, или се правеа чудни продажби на сомнителни компании. Станува збор за суми во десетици и стотици милиони евра.

Во овој систем учествуваа и други државни институции, поединци и за жал и медиуми. А многу функционери на власта (министри, пратеници...) лично ги знаеа состојбите и не се обидоа да променат што било.

Целта беше преку судството да се соберат пари за богатење, но и за да се потплатува опозицијата, а тој дел што нема да се потплати, да се уништи со нарачани обвиненија, пресуди и медиумски линч, координирано.

Кога сето ова станува видливо и за обичниот човек, мора да се фрли вината на друга страна, како демек во овие три години да владееја сите други освен СДСМ. А докази на сите страни, од една до друга страна на Скопје.

Затоа некои предмети се закажуваат пречесто, а некои се држат во лер. Затоа некои истраги се отворија, а не се затворија. Затоа некои се повластени, а некои прогонети. Затоа за некои ќе важат бомбите, а за некои не.

Оваа хистерија со барање правда, закани и притисок до сега не е видена во ниту една нормална држава. Власт протестира против состојбите кои не само што не ги променила и подобрила, туку и ги влошила многукратно. Лудило - ќе речат сите, но тоа е единствен излез за сеење магла барем пред своите гласачи.

Цела кампања ќе им биде ова. Сабајле ќе координираат судски и обвинителски постапки, а вечер на митинзи и телевизија ќе врескаат против тоа.

Видете вака:

1. Јавниот обвинител на РМ е избран по предлог на Владата на СДСМ од страна на Собранието каде СДСМ има мнозинство со своите уценети коалициски партнери;

2. СЈО се формираше по барање на СДСМ, а Катица Јанева им беше ударна тупаница;

3. Судскиот совет на РМ е под директна контрола и работи по нарачки од страна на Владата на СДСМ;

4. Претседателите на судовите се избрани од страна на овој Судски совет кој е под целосна контрола на Владата на СДСМ.

5. СДСМ (преку Талат Џафери и мнозинство од 80 пратеници) раководеа со Собранието на РМ каде менува и можеа да менуваат кои било закони во оваа област.

Кој тоа бара правда и подобар систем? Оној кој управува со него? Оној кој го насочува и контролира? Оној кој бира и разрешува судии? Оној кој ги носи законите? Врв на лудило.

СДСМ сега го фрла жешкиот костен од себе, надевајќи се дека така ќе добие глас повеќе, ќе победи и пак ќе си го прибере назад.

Но на кого го фрла? На своите извршители! Катица и Бојан се само мал дел од оваа приказна, но добар и поучен дел. Добар пример дека сите нивни извршители ќе бидат фрлени да горат и да изгорат, само тие себе си да се спасат.

Оваа состојба не се спасува ниту со марш, ниту со кампања, ниту со датум, ниту со Закон. Видлива е од авион.

Фејсбук статус на Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

https://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-vlasta-protestira-protiv-sebe-zvuchi-ludo-neli

 
Понеделник, 17 Февруари 2020 19:40    PDF Печати Е-пошта
Нема правда, нема владеење на правото, нема консензус, нема доверба, нема…

jason-miko2

Нема правда, нема владеење на правото, нема консензус, нема доверба, нема…

Повеќе...
 
Понеделник, 17 Февруари 2020 17:20    PDF Печати Е-пошта
Заев бега од дуел затоа што нема аргументи за криминалот, корупцијата и рекетот

Зоран Заев бега од тв дуел со претседателот Христијан Мицкоски затоа што нема аргументи со кои ќе го оправда криминалот, корупцијата и рекетот.

Повеќе...
 
Понеделник, 17 Февруари 2020 16:10    PDF Печати Е-пошта
Како македонското Собрание стана муртински атпазарски табернакул

sa1

Најпрво за да биде јасно што сакам да кажам да го објаснам поимот „табернакул“. Табернакул претставува лесен шатор во кој се наоѓал дрвениот сандак со Десетте божји заповеди, што Израелците како преносливо светилиште го носеле во текот на талкањето низ пустината. Десетте божји заповеди како десет свети закони, сместени во светиот дом на законите – табернакулот. Десетте божји заповеди кои Израелците ги чувале и по цена на сопствените животи.

Повеќе...
 
Понеделник, 17 Февруари 2020 09:30    PDF Печати Е-пошта
Заев и СДСМ заминуваат од власт како и што дојдоа

Собранието го заврши мандатот со кршење на Уставот се со цел за спас на криминалите на Заев

Повеќе...
 
Понеделник, 17 Февруари 2020 00:48    PDF Печати Е-пошта
Димовски контра Митрески: Уставот и Законот предвидуваат двојно мнозинство за Законот за Советот на ЈО

317

Откако координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, повикувајќи се на Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, посочи дека Законот за Советот на јавни обвинители не е меѓу оние што се носат со двојно мнозинство, со реакција се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Повеќе...
 
Недела, 16 Февруари 2020 22:37    PDF Печати Е-пошта
Латас-Конечно, почеток на крајот

Готово е. Заврши власт од која Македонија ќе се срами, пере и која ќе ја злопамти со децении од денес па со генерации. Власт која почна со насилие, газење на устав, гласање влада без мнозинство гласови и без записник за гласањето, парламент кој почна надвор од закон и заврши - надвор од закон со наводно носење Закон за Јавно обвинителство без потребните 80 гласови. Во меѓувреме, без потребна поддршка на референдум и со апсење на пратеници, го смени уставното име на државата во Северна. 

Повеќе...
 
Недела, 16 Февруари 2020 19:50    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Денес завршува владеењето со свиткана кичма

Прес конференција – Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе...
 
Недела, 16 Февруари 2020 09:26    PDF Печати Е-пошта
Заев со уцени, закани и поткуп се обидува да обезбеди поддршка на сопствената амнестија

Република Македонија и законодавниот дом не смеат никогаш повеќе да бидат заложници на криминалот, изнудите и тргувањето со националните интереси.

Повеќе...
 
Сабота, 15 Февруари 2020 22:40    PDF Печати Е-пошта
Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!

61Рашела Мизрахи

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.