|
||||
| 4 години работа за тебе – отчет пред граѓаните |
|
Денеска, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, започна вториот ден од Саем-отчет под мотото „4 години работа за тебе“. Овој настан е повеќе од обично претставување – тоа е симбол на одговорност, чесност и транспарентност пред граѓаните.
Во изминатите четири години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека политиката може да биде на страната на народот. Не со празни зборови, туку со реални дела. Се изградија нови патишта, се отворија нови работни места, се изградија школи, детски градинки, се привлекоа рекордни странски инвестиции, се поддржаа земјоделците и работниците,... а државата повторно застана на нозе. Овој отчет е доказ дека се може кога има волја, знаење и искрена намера. „4 години работа за тебе“ е доказ дека Македонија може да оди напред. И уште поважно – дека иднината ќе биде светла, само ако народот ја препознае разликата меѓу оние што градат и оние што рушат. Саемот-отчет не е само биланс на изминати четири години – тој е огледало на една нова политика. Политика на вистинска работа, на враќање на достоинството и довербата, на визија за иднината. Ова е отчет, но и залог. Залог за нови години работа, за уште повеќе успеси, за Македонија што ќе биде дом за сите нас и гордост за идните генерации. Народот може сам да пресуди: едните ветуваа и забораваа, другите работат и реализираа. Едните ја гледаат политиката како привилегија, другите како одговорност. Да се потсетиме: кога СДСМ беше на власт, граѓаните добиваа само ветувања без покритие. Ветуваа живот, а донесоа сиромаштија. Ветуваа нови работни места, а илјадници млади луѓе заминаа од државата. Ветуваа правда, а ја претворија државата во приватна фирма за своите луѓе. Тие ги запоставија селата, ги уништија фабриките и оставија празни ветришта наместо просперитет. |

























