|
||||
| Македонија конечно се движи напред – и тоа не е заслуга на СДС |
|
СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив Ја поздравуваме изненадената искреност на СДС: барем еднаш јавно признаа дека македонската економија расте. Проблемот е што не можат да поднесат што тоа се случува затоа што повеќе го нема нивниот хаос, корупција и неспособност. Кога економијата тоне, виновна тогаш беше опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Сега, кога економијата расте и Македонија е во топ 5 најбрзорастечки економии во Европа, одеднаш им текна дека тоа е нивна заслуга?! Е па, или е ваш успех, или е катастрофа – одлучете се. Фактите се едноставни:
СДС има проблем со реалноста: навикнати се да живеат во свет каде само со партиска пропаганда се „гради економија“. Но граѓаните веќе го гледаат резултатот на терен. И знаат: Кој гради, а кој распродава. Кој работи, а кој краде. Кој инвестира, а кој поставува урнисан асфалт за прес. Кој ја вади Македонија од кал, а кој ја турна таму. Затоа, наместо да зборуваат за „нивните политики“, нека одговорат:
Ако се тоа „економски темели“, тогаш среќа што тие темели веќе се разградуваат со темелна обнова. И уште нешто: Граѓаните не се наивни. Знаат дека растот не доаѓа од флаери и флоскули, туку од работа, план и чесно управување. Македонија конечно се движи напред – и тоа не е заслуга на СДС. Тоа е заслуга на граѓаните, на стопанството, и на новото раководство што не се занимава со алиби, туку со резултати. СДС нека продолжи со соопштенија – ние ќе продолжиме со раст. |
























