Среда, 12 Јануари 2011    Печати
Музичка програма во чест на Водици во Охрид

2-1_copy

По повод големиот христијански празник Водици, на 19 јануари во Охрид се организира традиционалното фрлање на осветениот крст во водите на Охридското Езеро.

Во музичкиот дел од програмата кој е во организација и под покровителство на продукцијата С НАЦИОНАЛЕ, со свои песни ќе настапат Сузана Спасовска, Мишко Талески, Јулија, Гоце Џуклески, група Елегија и Боби Анде и До Ре Ми.

Православните христијани ќе можат да уживаат во празничните песни на реномираните македонски изведувачи, инспирирани од традиционалниот дух на македонскиот народ.