Сабота, 20 Септември 2025    Печати
28 септември ќе биде осветена црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ во Скопје

99 big

Со Божја милост и промисла, по 13 години заврши изградбата на црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“, кој се издигнува во срцето на главниот град, Скопје на улица Македонија.

Овој свети дом е посветен на благоверните цар Константин и мајка му, царицата Елена, кои со своето дело оставија вечен белег во историјата на христијанството, пронаоѓајќи го Чесниот и Животворен Крст Господов. Храмот ќе биде живо сведоштво за верата на македонскиот православен народ и место каде ќе се вознесуваат молитви кон Бога за спасение и благослов.

Големото осветување на црквата ќе се изврши на 28 септември, со архиерејска литургија која ќе ја отслужат архиереите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во сослужение со свештенство и монаштво.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ги повикува сите верници да присуствуваат на овој историски и благодатен настан, заедно да се помолиме и да го прославиме осветувањето на новиот храм, кој ќе биде светилник на верата во нашиот град и народ.

Програма за осветување на црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ – 28 септември:

  • 07:00 часот – Утрена богослужба
  • 08:30 часот – Почеток на чинот на големо осветување на храмот
  • 09:30 часот – Архиерејска Божествена Литургија, со сослужение на повеќе архиереи, свештенство и монаштво на МПЦ-ОА
  • По литургијата – Литија околу храмот и благослов на верниците
  • По завршувањето на богослужбата – Трпеза на љубовта за присутните

Со ова, Скопје добива ново духовно средиште, кое ќе сведочи дека Христовата љубов е вечна и дека Црквата е живо присуство на Бога меѓу луѓето.

По 13 години заврши изградбата на црквата „Свети рамноапостоли Константин и Елена“ во центарот на Скопје – на 28 септември ќе биде осветен