Четврток, 07 Август 2025    Печати
Локални избори 2025

133873480-144531

Собранието најдоцна до сабота треба да ги распише локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, со можен втор круг на 2 ноември.

Народот има уште една можност да одлучува за иднината на локалната самоуправа во 80 општини и Градот Скопје. Избори каде што ќе се бираат градоначалници и советници, луѓе што ќе управуваат со комунални прашања, локален развој, инфраструктура, детски градинки, култура, спорт и социјални сервиси.

Овие избори се надеж дека Македонија ќе застане на патот на национално обединување, преродба и конечно излез од годините на разочарувања.

Овие избори се можност за нов почеток, за вистински демократски исчекор. Важно е граѓаните масовно да излезат, да ја искажат својата волја и да дадат поддршка на оние што навистина ќе работат за нив и за Македонија.

Ова е часот кога не се гласа само за градоначалници, туку и за достоинството, правото и иднината на секое маало, секоја улица, секое село и град.

Да не дозволиме разочарувањето да победи. Да го вратиме гласот на народот како единствена сила што го движи тркалото на промени. Демократијата ќе победи само ако ние ја одбраниме – со глас, со чест и со одговорност.

Нашите браќа и сестри надвор од Македонија, ќе можат да гласаат само ако дојдат во Македонија.

Увидот во Избирачкиот список започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае 20 дена. Тоа е време кога граѓаните треба да ги проверат своите податоци, да поднесат барања за исправки и да се уверат дека се запишани и имаат можност да гласаат. И сега е можно електронски или преку канцелариите на ДИК да се направи проверка.

Напред во уште една нова победа!

За иднината на Македонија се работи!

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy